Дигитални домородци и дигитални татковци, овие корисници израснале со Интернет и се постојано закачени на Веб. Затоа не е воопшто изненадувачки што се поопуштени и подобро запознаени со друштвените мрежи за да водат подобра грижа врз дигиталниот живот на своите деца.
Инфографикот на Еuro RSCG , oбјавен од Mashable, ги разгледува родителските навиките на 1.000 американски татковци, поделени на две групи – „дигитални татковци“ и „просечниот Џо“. Според статистиките, може да се види дека 55 отсто од дигиталните татковци, наспроти 30 отсто од просечниот Џо, велат дека се активни во барање на родителски совети онлајн, и почесто користат друштвени мрежи за да се поврзат со другите родители. Околу 66 отсто од дигиталните татковци имаат закачено фотографија од нивните деца на својот блог или друштвен профил.
Интересно, и дигиталните татковци, 76 отсто, и просечниот Џо, 63 отсто, велат дека новите технологии и подобар пристап до информации ги прават децата попаметни, и се сложуваат дека немањето интернет дома е недостаток за децата. Но, од друга страна 57 отсто од дигиталните и 71 отсто од просечните татковци велат дека денешниве деца ја губат можноста да комуницираат лице во лице. Затоа околу 60 отсто од нив се обидуваат да им го скратат времето онлајн на своите деца.
Иако само половина од дигиталните татковци, односно 29 отсто од просечните, ја следат веб историјата на децата, сепак 77 отсто, односно 57 отсто, се поврзани со децата на друштвените мрежи и им го следат секој чекор.








