Microsoft работи на наочари Fortaleza, конкуренти на Google Glasses?

Иако на годинешниов E3 Microsoft не го презентираше Xbox 720, сепак информациите кои беа откриени викендов покажуваат дека сме можеби поблиску до нова конзола отколку што мислиме. Според непотврдениот план од 2010 година, новата конзола би требала да пристигне во продавниците веќе следната година. Според документот, друштво на рафтовите ќе и прават втората генерација на Kinect контролерите, но и пар очила слични на Project Glass од Google.

Цената но новата конзола е одредена на 300 долари, а доаѓа во пакет со Kinect 2. Новиот Xbox би требало да е 6 пати помоќен од сегашната верзија. Конзолата ќе дојде зо вградена Blu-ray подршка, 1080р резолуција, 3Д, а AMD ќе допринесе со подобри процесори и графичка карти. Конзолата ќе се поврзува со Windows телефони и таблети и треба да биде комплетен центар за забава. До 2015 година се предвидува преселба на Xbox услугите преку „облакот“ со што целата функционалност на Xbox ќе може да се префрли на било кој, најверојатно Windows уред.

Еден дел од документот е осврнат и на очила кои се наречени Fortaleza. Очилата се како и тие на Google и се опишани како очила за проширена реалност, а најавени се за 2014 година. Очилата ќе бидат со 4G подршка и во зависност од тоа како ќе оди поврзаноста со облакот можеби и мини конзоли.

Како „опасности“ кој би можеле да му наштетат на проектот се наведени: Apple TV поради можноста за зголемување на корисиниците на iOS  платформата и можноста за користењ на нивните апликации со Apple TV. Од слични причини е наведен Google со тоа што тука опасност би претставувал Android, a можноста Google TV да биде поставена како стандард е исто така пречка.  Поради цената и  тоа што Nintendo важи за фамилијарна конзола  Wii2 исто така е потенцијална опасност.  Се чини дека повторно главен конкурент ќе биде Sony и нивниот PlayStation 4 главно поради можноста за поврзување на сите домашни апарати со конзолата, но и опасноста од партнерство на Google TV  и Sony.

За жал документот е тргнат на барање на Covington & Burling LLP кои се правно биро кое го застапува и Microsoft.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
moondowner
moondowner
14 years ago

“Redmond, Start Your Photocopiers”

види ги сите огласи на kariera.it.mk