FBI: IPv6 може да ги заштити криминалците

FBI, DEA и RCMA (Royal Canadian Mounted Police) предупредуваат дека историското префрлување на следната генерација на интернет протоколот наречен IPv6 може да ги загрози истрагите на начин што ќе го направи потешко следењето на електронските адреси.

Следењето на IPv6 е неизбежно за да се идентификуваат луѓето кои се осомничени за некаков криминал. FBI дури предложи дека нов закон може да биде неопходен доколку приватниот сектор не волонтира доволно. Истрагите за киднапирања, терористичките напади на 11 септември и Mytob црвот вклучуваа следења на IPv4 адресите назад до клиентот на интернет провајдерот, велат од FBI. Од таму изјавуваат дека има потреба од исто ниво на пратење и на IPv6 адресите кои беа популаризирани минатата недела благодарение на World IPv6 Day.

„Проблем може да се појави околу количеството на регистрирани информации кои се одржуваат од провајдерите и количеството на историските логови кои постојат. Денес сите IPv4 адреси се во сопственост на операторите и во зависност од тоа колку брзо ќе се прошири IPv6, можеби ќе биде проблем да се спроведува законот за идентификација на уредите што пристапуваат на интернет“, изјави портпаролот на FBI за CNET.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments