0 коментари 2 мин. читање 14 јуни, 2012

Chrome Web Store додаде офлајн категорија, нова алатка за анализа и се прошири во 6 нови држави

Chrome Web Store се прошири во уште шест нови држави – Турција, Украина, Египет, Саудиска Арабија, Мароко и Обединетите Арапски Емирати и со тоа станаа вкупно 42 држави во кои функционира Chrome Web Store.

Покрај тоа, на Google Web Store е отворена и посебна категорија во која може да се видат сите апликации кои работат офлајн. Развивачите доколку сакаат да ја пријават својата апликација во категоријата „Offline Apps“ ќе биде потребно да додадат „offline_enabled“ знаменце во мета податоците.

Исто така, за развивачите е додадена нова алатка за анализа која им нуди преглед на импресиите и инсталациите за повеќе од 90 денови. Исто така, тие информации развивачот, освен да ги гледа на интернет, ќе може да ги преземе во CSV формат.

Ова се само неколку мали надградби од страна на Google, додека нешто поголемо очекуваме да се претстави за време на Google I/O конференцијата која треба да се одржи од 27 до 29 јуни.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top