0 коментари 1 мин. читање

Microsoft ќе претстави конкурент на iPad?

Мicrosoft закажа „голем“ настан за следниот понеделник кој ќе се одржи во Холивуд. Нема официјални информации што ќе биде претставено на настанот, но според одредени извори се очекува да видиме таблет компјутер произведен од Microsoft кој ќе работи на Windows RT, верзијата на Windows 8 оптимизирана за таблет компјутери.

Според холивудскиот блог The Wrap кој се повикува на извори блиски до компанијата, овој таблет компјутер ќе биде ривал на Apple iPad.

Microsoft и порано работеше на разни уреди со екрани на допир, најпознатиот е Cоurier, но се откажа од нив пред Apple да го претстави iPad со кој го револуционизираа пазарот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top