0 коментари 2 мин. читање 14 јуни, 2012

Мicrosoft го купува Yammer за 1 милијарда долари

Yammer, друштвената мрежа за бизниси, наскоро ќе стане сопственост на Microsoft, пишуваат бројни медиуми. Еден од Пoрелевантните, Bloomberg вели дека цената на аквизацијата која ќе биде објавена јавно најдоцна до петок е договорена на околу 1 милијарда долари.

Купувањето на Yammer може да биде одличен потег на Microsoft кој има добра понуда на софтверски бизнис решенија. Друштвените мрежи стануваат се популарни, а Yammer нуди можност друштвеното да биде интегрирано и внатре во самите бизниси.

Yammer, стартуван во 2008 година од страна на поранешен директор во PayPal, Дејвид Сакс, им овозможува на вработените во околу 200.000 компании кои го користат сервисот, да работат колаборативно на проекти и да споделуваат информации на платформа која е контролирана од самата компанија, но која повеќе наликува на Facebook, oтколку на други бизнис решенија, што го прави Yammer популарен и практичен сервис.

Покрај соработката на онлајн документи, Yameer нуди и чет меѓу вработените, складирање на фајлови, поставување прашања и пребарување на документи, мобилен пристап, има интеграција со SharePoint за презентации, Salesforce и други бизнис апликации.

[youtube]IDg821lzl4Y[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top