3 коментари 2 мин. читање 14 јуни, 2012

Стартува аукцијата за вистински пари на Diablo 3

Новата закрпа на Diablo 3 им овозможи на играчите да купуваат и продаваат опрема за вистински пари. Засега закрпата е достапна единствено на играчите на американските сервери иако нема IP ограничување од каде им пристапувате на серверите. Аукциите моментално се единствено за оружје и оклопи, а во иднина се очекува сите предмети од играта да можете да ги продадете за пари. Дел од парите од продажбата, 15 проценти одат за Blizzard, но само ако се решите да ги префрлите на сметка. Ако парите ги оставите на вашиот Blizzard профил тогаш целата сума останува ваша, но можете да ја користите единствено за нивните производи.

Покрај ограничувањата со дополнителна верификација на профилите, пристапот на аукциите за пари е ограничен на серверот на кој „природно“ му припаѓатe. За македонските играчи тоа се европските сервери, што значи дека ако имате карактери на американските или азиските сервери со нив нема да можете да пристапите до аукциите за пари.

Пред ова Blizzard излегоа со соопштение во кое им се заканија со исклучување на профилите на сите кои играат со „изменета“ игра. Ова главно се однесува на користење на скрипти кој го автоматизираат играњето. Ова е првпат Blizzard да излезат со предупредување пред да почнат со казните. Пред се поради тоа што скриптираните ботови можат да соберат предмети кој се продаваат за 1000$ за неколку часа но и „програми“ кои можат да ја генерираат било каја опрема која се наоѓа во играта.

Купувањето на опрема за вистински пари не е револуцинерна иновација и веќе сме ја виделе кај повеќе „бесплатни“ игри. Сепак размени помеѓу играчите на виртуелни добра (оружја, оклопи, пари од играта) за вистински пари до сега не сме виделе, барем не легално.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
закрпа
закрпа
14 years ago

закрпа викаш а…
а во врска со темата, разбрав дека ќе треба Пејпал за да земаш/плаќаш… нешто што Македонија моментално го нема закрпено :)

@pipelinmkd
14 years ago
Reply to  закрпа

Who gives a fuck затоа што ти немаш PayPal.

Toni
Toni
14 years ago
Reply to  закрпа

Не мораш да имаш paypal. Можеш директно на дебитна. Со тоа што ако влечеш на Paypal имаш 15% fee + 1$ А ако влечеш на дебитна само 1$. Односно Евро за Македонија веројатно.

Мени
Заедница
Изглед
To top