0 коментари 1 мин. читање 14 јуни, 2012

Apple додаде хомосексуални емотикони во iOS 6

Новата верзија на мобилниот оперативен систем iOS на Apple доаѓа со нови emoji, односно емотикони кои се користат во чет и имејл пораки. Меѓу ново додадените сега има емотикони за геј и лезбиски парови кои се додадени покрај стандарните хетеросексуални парови.

Emoji на iOS 6 можат да се користат откако се стартува тастатурата за нив. Преку Settings -> General -> Keyboard се оди на International Keyboard и се избира Emoji. Потоа кога ќе пишувате на чет или имејл порака се клика на иконата со глобусот која е за друга тастатура, и ќе ви се отворат сите емотикони.

Emoji емотиконите беа прифатени од Apple oд Јапонија. Прв пат се појавија на нивниот iPhone кога уредот беше претставен во земјата, па поради нивната популарност беа вклучени во сите идни iOS верзии за другите земји.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top