Железничката станица во Скопје доби бесплатен Wi-Fi

во ИТ.МК

Од денес на пероните на железничката станица во Скопје патниците ќе можат да се конектираат на бесплатен безжичен интернет. Се очекува наскоро македонски железници „Инфраструктура“ да обезбеди и бесплатен Wi-Fi и на другите железнички станици во Македонија.

„Бенефитите кои ги овозможува една од најмодерните оптички мрежи кои се инсталирани на железниците во регионот на Југоисточна Европа, се дел од плановите и следните проекти кои ќе се спроведуваат во железничката инфраструктура.“, вели МЖ Инфраструктура.

Според јавната компанија, со реконструкцијата која следи и со имплементација на овој проект железничката станица Скопје „ќе го врати сјајот по кој беше препознатлива и ќе го добие посакуваниот европски лик.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Кал Ел
Кал Ел
13 years ago

Штом ставаат интернет на пероните, нека стават и во возовите.

NotSoFast
NotSoFast
13 years ago
Reply to  Кал Ел

Ние сме виделе на пероните, па бараме во возовите.. Првин нека ги средат самите возови, па после нека ставаат и интернет…

wtf
wtf
13 years ago

Best trolling ever od strana na MZ Infrastructura :D

Трајанчо
Трајанчо
13 years ago
Reply to  wtf

нема што, поштено ребрење. исто ко градскине автобуси во скопје на кои не им се затвараат вратите, ама важно имаат налепници „интернет автобус“.

на железничката нема
1. светло
2. саат што работи и е точен
3. видлива табела со возовите кои доаѓаат и заминуваат
4. тоалет

ама има вифи. тролање за сите пари.

fiasco
fiasco
13 years ago

koj crn wifi, sega se konektirav edvaj edna crta na peronite ima, kojznae kade e ruterot

None
None
13 years ago

Не треба да пуштат Wifi, треба возот да го средат, катастрофа е