0 коментари 2 мин. читање 14 јуни, 2012

Skype за Windows ќе прикажува реклами за време на аудио разговор

Microsoft најави дека ќе вметнат реклами во  Skype за Windows. Станува збор за реклами кои ќе се отвораат во апликацијата за време на гласовните разговори. Microsoft и oгласувачите планираат да допрат до 250 милиони корисници на Skype со рекламите. А во иднина Microsoft се надеваат дека ќе го зголемат бројот на корисници на 1 милијарда.

Содржината на рекламите ќе биде одредена според локацијата, полот и возраста. На почеток рекламите ќе им бидат презентирани единствено на корисниците кои не плаќаат претплата. Рекламите немат да можат да бидат поголеми од 300 х 250 пиксели и помали од 40Кb. Подржани формати за реклами се Flash, GIF и JPEG. Големината на рекламата ќе биде фиксна а текстот ќе биде лимитиран на 65 карактери. Ќе бидат дозволени анимирани  слики (Flash или GIF) но не и видео или аудио.

Според Skype, конверзациски реклами, како што ги нарекуваат, ќе треба да им понудат на корисниците повеќе теми за разговор.

„Додека се на 1:1 аудио повик, корисниците ќе видат содржина која ќе стартува дополнителна тема за разговор што е релевантна за Skype корисниците и ќе го истакне уникатното и локалното искуство со брендот.“

Иако Microsoft се обидоа да објаснат дека рекламите ќе потикнат ралични теми на разговор, корисниците не се задоволни од потегот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top