Вести

3.525 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

Оpera тестира верзија со вграден VPN

Помалку подзаборавениот прелистувач Opera отсега на своите корисници им овозможува пристап на интернет преку вграден VPN. За ова корисниците треба да ја преземат тест верзијата Opera developer прелистувачот, во која се тестираат следните надградби. Според соопштението на компанијата, не сите надградби кои се тестираат ќе бидат дел од финалната верзија. Сите кои сакаат да ја […]

0 коментари Прочитај 22 април, 2016
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

#Комкаст S01E27: Сé е виртуелна реалност!

Виртуелната реалност има потенцијал кој може да го промени начинот како конзумираме технологија, и таа револуција започнува со камерите од 360 степени кои се потребни да се креираа VR содржина. Дарко Булдиоски од New Media Mk и Митко Цабевски од u:Plug. во својот нов #Комкаст зборуваат за VR, за Instant Articles, дека AdWords не ги […]

0 коментари Прочитај 22 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција гејминг ИТ.МК

MKD20 S01E21: Tehnomancer, Mafia 3, TESO Legends, Seven и WoW:Legion

Tehnomancer e долгоочекувана и најавувана игра, но овојпат имаме шанса да чуеме кратка рецензија на првиот трејлер од MKD20, македонскиот подкаст за видеоигри. Се рецензираат и Mafia 3, TESO Legends, Seven, The SKies и WoW:Legion. Подкастот оди секој четврток во 22:00 часот на Twitch, но снимките може да ги најдете на YouTube.

0 коментари Прочитај 22 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Нов рекорд! Македонската игра Cavern Tavern собра 18.000 долари за два дена

Втора успешна Kickstarter кампања на македонските играчи на табла. По Small Star Empires, Cavern Tavern на Final Frontier Games уште побрзо ги собра потребните средства. За успешна краудфандинг кампања беа потребни 18.000 долари, кои беа собрани за два дена. Во моментов над 400 поддржувачи вложија околу 20.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште 28 […]

3 коментари Прочитај 22 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски гејминг ИТ.МК

M3DS отвара нова академија за 3Д и дизајн на видеоигри

Викендов во Скопје и официјално ќе биде отворена M3DS академијата за 3Д и дизајн на видеоигри. Академијата е креирана од потребата на истоименото студио, кое за сопствени потреби имаше проблем да најде квалитетен стручен кадар. Студиото за само една година има над 50 успешни проекти, па предавачите ќе знаат точно со какви проблеми нивните ученици […]

2 коментари Прочитај 22 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа ИТ.МК

Интервју со победниците на Codefest 2016, тимот на DreamKillers

Изминатиот викенд во Охрид по четврти пат се одржа маратонот во кодирање Codefest, 32-часовен настан во организација на Здружението за развој Стартап зона Охрид. Настанот покрај 24 панелисти и предавачи, имаше и кодерски маратон на кој учествуваа 32 тимови со своите идеи кои имаа 32 часа да создадат демо верзија. Победник на Codefest 2016 е тимот на Dream Killers, кој е […]

3 коментари Прочитај 21 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Софтвер

Студентите полесно ќе наоѓаат работа со LinkedIn Students

LinkedIn презентираше нова апликација, засега достапна единствено во САД, но со план за експанзија, која ќе им овозможи на студентите кои само што завршиле колеџ, полесно да дојдат до работа. Апликацијата ќе им овозможи на студентите уште додека студураат да дознаат колку побарување ќе имаат на пазарот на трудот кога ќе завршат со студиите, во зависност […]

0 коментари Прочитај 21 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Хардвер

Кинескиот „Tesla Motors” воведе гласовни команди во автомобилите

Кинескиот телефонски гигант LeEco, успеа да му нанесе мал пораз на Tesla Motors. Електричниот автомобил на оваа компанија LeSEE е првиот кој може да следи гласовни команди. Џи Јуатенг ги презентираше овие можности, а повеќе детали за автомобилот ќе дознаеме на Beijing Auto Show, според Engadget.   За разлика од Tesla автомобилите кои имаат софтвер и […]

0 коментари Прочитај 21 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Свет

Мобилниот интернет ќе го надвладее фиксниот?

Пред неколку години трендот покажа дека се поголем е бројот на интернет корисници кои се приклучуваат од мобилна мрежа. Последното испитување на состојбата покажува дека се поголем е бројот на корисници кои немаат „фиксен“ интернет. Истражувањето на PewInternet покажува дека бројот на корисници кои имаат мобилен интернет е поголем, но истовремено бројот на корисници кои имаат […]

0 коментари Прочитај 21 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Google може да биде обвинет за монопол за Android

Европската комисија го обвини Google за злоупотреба на својата доминантна положба на пазарот, а доколку не ги исполни барањата на комисијата за 12 недели, Google ќе треба да плати казна, која може да достигне до 7.4 милијарди долари. Некои од функционалностите на Google се навистина добри, па корисниците поради ова и ги користат, но дел […]

1 коментар Прочитај 21 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Zeitgeist Bike вели дека го направиja „Тesla меѓу велосипедите“

Zeitgeist е производител на електрични велосипеди кој за себе вели дека се „Tesla меѓу велосипедите“, а нејверојатно се во право, пренесува The Next Web. Велосипедот им помага на возачите во нивното возење, но нема да вози наместо нив, па возачите ќе треба малку да се испотат да стигнат каде што наумиле. Поради ова батеријата е […]

0 коментари Прочитај 20 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

iCar? Apple го вработи заменик-директорот за инженерство на Tesla Motors

Поранешниот заменик-директор за инжинерство во Tesla Motors, Крис Порит, е новиот регрут на Apple. Kомпанијата веќе има неколку поранешни вработени од Tesla кои беа на високи позиции, а сега се во кампот во Купертино, што разбирливо ги разгорува шпекулациите дека Apple подготвува електричен автомобил. Дури и директорот на Tesla Motors, Илон Маск, тврдеше дека работат […]

0 коментари Прочитај 20 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Хардвер

Производителот на aлати, Dewalt, претстави паметен телефон за градежници

Градежниот гигант Dewalt претстави издржлив паметен телефон чија целна група се градежните работници. Според компанијата, постои побарувачка на телефони кои можат да издржат услови на работно место. Цената на уредот не е занемарлива, чини 550 долари, но купувачите добиваат телефон кој може да издржи пад од 2 метра врз бетон, но и температури од -20 […]

0 коментари Прочитај 20 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Viber воведе end-to-end енкрипција за пораките и гласовните повици

По WhatsApp, и Viber додаде end-to-end екрипција на пораките. Платформата има околу 700 милиони корисници, и е најверојатно најпопуларниот сервис за споделување на пораки во Македнија. Како и на WhatsApp, криптирањето е овозможено за сите разговори, без разлика дали се помеѓу двајца корисници или се групни разговори. Надградбата е достапна со верзијата 6.0, и истовремено […]

0 коментари Прочитај 20 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Политички некоректниот Hearthstone најдобро ја објаснува кризата во Македонија

Протестите против претседателската аболиција ја истакнаа креативноста на граѓаните, од саркастични слогани до бојадисување на Триумфални капии и фонтани; но една Facebook страна можеби ги надмина сите. Таман кога ќе помислите дека ситуацијата во Македонија е тешка за објаснување, се појави Politically Incorrect Hearthstone Macedonia страната која го прави тоа подобро од сите. Кој знае […]

0 коментари Прочитај 20 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Хак-атак/Приватност

Сите телефони се исти и сите можат да се хакнат

За да докаже дека сите телефони се подеднакво небезбедни, white hat хакерoт од Германија, Карстен Нол, успеа на емисијата 60 Minutes на CBS да хакне iPhone преку SS7 мрежата, која е центар на мобилната комуникација. „Со помош на телефонскиот број може да дознаете каде се наоѓаат луѓето, каде работат, со кои луѓе се среќаваат. Може […]

1 коментар Прочитај 19 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

ИТ настан: Започнува Engage 2016, конференција за друштвен активизам

По петти пат Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на Engage 2016, конференција за друштвен активизам кој e еден од настаните кои не сакате да ги пропуштите. Оваа година концептот на конференцијата е малку поразличен, па настанот ќе биде поделен во неколку денови кои ќе се одржат во различни месеци. Првиот настан е […]

0 коментари Прочитај 19 април, 2016
Редакција
1
Виктор Дано гејминг ИТ.МК

GG.mk S02E28: Кога и да излезе, Red Dead Redemtion 2 треба да се игра

Што се случува во гејминг светот? Red Dead Redemtion 2 и Total War: Warhammer се двата највозбудливи наслови кои треба да ги очекуваме велат дечките од GG.mk во својата нова епизода. Не треба да се заборави и на Homefront the Revolution и Dark Souls 3. Погледнете ја епизодата.

0 коментари Прочитај 19 април, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Видеата од 360 степени се вовед за виртуелната реалност на YouTube

Новите 360-видеа во живо треба да го размрдаат YouTube, нудејќи им на сите корисници шанса да гледаат креативна корисничка содржина дизајнирана за виртуелната реалност. Најголема предност на технологијата е што корисниците не треба да прават никаква дополнителна инвестиција. Наместо ова корисникот сам ја пали YouTube апликацијата, без никакви очила за проширена реалност или нешто слично. […]

0 коментари Прочитај 19 април, 2016
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хардвер

Eлектронска кожа може да ви ја претвори дланката во дисплеј

Претставена е нова иновација со електронска кожа која може да креира дисплеј. Неодамна биохакери започнаа со „инсталирање“ на чипови под кожата, но новиот материјал има повеќе можности. Кожата ја направи тим научници од Универзитетот од Токио, а идејата зад проектот е да биде дисплеј на кој ќе се покажуваат важни параметри за здравјето. На дисплејот […]

0 коментари Прочитај 19 април, 2016
Мени
Заедница
Изглед