(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
Дали некој спомна дигитални номади? Сè уште слушам ехо во мојата глава „донесете дигитални номади во Македонија“ со гласот на Френк. Преку SECO Entrepreneurship Programme, имплементирани од Swisscontact, како помагач на еко-системот, тој помина 2 недели во земјата работејќи со клучните актори. Веднаш штом отидовме во Охрид, тој велеше дека овој град може да биде „Startup Chile“. Во неговиот извештај, Френк наведе дека: Земјата може да биде навистина атрактивна за дигитални номади и интернационални претприемачи поради нискиот стандард за живот поврзан со квалитетни продукти! Иако, сега зборуваме за Охрид, ако сте заинтересирани да стартувате бизнис тука, повеќе информации ќе најдете на Skopje Startup Guide на StartUs. Или пишете ми мене, ќе бидам среќна да ви помогнам :)
Додека бев во Охрид на CodeFest 2016, уживав во кафе на многу топол пролетен ден сфатив дека мојот следен гостин може да биде совршениот пример за дигитален номад. Зборувам за ко-основачот и ко-организаторот на Codeference и Codefest. Запознајте го Вилијам С. Ј. Асиама Нјако, млад претприемач од Гана кој живее во Охрид. Да дознаеме како започна неговата приказна:
„Тоа е точно. Јас сум оригинално од Гана, но повеќе мулти-национален отколку било што друго. Живеам подолго во Охрид отколку што сум живеел на други места, вклучувајќи ја и Гана. Codefest започна во февруари 2013-та година како идеја што ја смисливме заедно со ко-основачите, Јасна и Александар. Јас сум личност која сака да биде присутна на почетокот на приказната, и да ја направи успешна приказна. Бев доволно среќен да помогнам да се случат некои моменти и да помогнеме на други да дојдат до вистинските моменти кога сами ќе си ја одредат судбината. Среќен сум што мојата приказна започна и продолжува тука. Охрид е прекрасен град, пејзажот заедно со пријателските луѓе го прави идеално место да се живее и работи.
Живеам тука веќе 6 години и сè уште го ценам местото, секој ден. Убавината е што е туристички град, што го прави навистина добро место за странец. Повеќето од локалците тука зборуваат доволно англиски јазик и сите се пријателски расположени. Охрид е уникатно позициониран за живот на дигитален номад. Најважните ресурси се интернет и просто за живеење. Охрид ги нуди сите овие работи додека во исто време е атрактивен како град. Знам дека звучам како туристички агент, но ако размислиш, зошто да живееш и работиш во Скопје, или било кој друг голем град, ако имаш сè што ти треба во Охрид и другите градови во Македонија? Штом започна процесот за децентрализација, сигурен сум дека другите дигитални номади и основачи на стартапи ќе одберат други градови пред Скопје“, вели Вилијам.
И јас започнав да размислувам за преселба, барем за еден месец. Иако сум навикната да живеам во Скопје, бидејќи е практичен и секој со кој што работам е тука. Но, се чувствува дека градот се гуши малку, па зошто да не се грабне ранецот и да се посети Охрид. Не ме сфаќајте погрешно, го сакам Скопје, тој е мојот домашен град; но би сакалa малку пауза по долгогодишната врска со градот. Затоа и целосно се сложувам со Вилијам дека Охрид е можеби најдобриот град за дигиталните номади и интернационалните претприемачи. Но, што мисли тој зошто да не се одбере главниот град, и што мисли за моменталниот еко-систем:
„Верувам во децентрализација каде и да е можно тоа. Македонија, како и многу други земји, пати од централизација на сите ресурси во главниот град – Скопје. Ова ги влече сите (и сé) кон главниот град – што е опасен круг што евентуално треба да биде прекинат ако Македонија и нејзините регионот започнат да се развиваат подеднакво. Ова е исто важно за градење на јак екосистем што се обидуваме да го направиме со Codefest и другите наши настани. Ова е една од причините што Охрид стана град за сите наши настани. Според нас, нема потреба да го однесеме настанот во Скопје, бидејќи ќе биде еден од многуте настани што привлекуваат стартапи. Наместо тоа, се обидуваме да привлечеме стартап основачи во Охрид и да им покажеме дека има предности како поевтин стандард на живот. Тука е поентата за националните и интернационалните основачи на стартапи – се спомнува пречесто, но интернетот навистина дозволува да се има пристап до ресурси како искуство, ко-основачи или инвестиција.
Овие денови нема вистинска причина зошто луѓето да одат во „стартап Мека-та“ како Сан Франциско, Лондон или Берлин. Можеби сакате да стигнете до нив, или да ги посетите, но нема потреба да се преселите. Не е толку тешко да дојдете до пристап на инвеститори или ко-основачи онлајн, многу онлајн заедници постојат за точно вакви работи. Можете лесно да функционирате и да развивате продукт без да живеете во bona fide стартап заедница. Еднаш штом имате продукт кој е подготвен да се стартува, вистинските луѓе ќе дојдат до вас. Затоа, прашањето е зошто да трошите многу пари и енергија за живеење во хотспот за стартапи каде има многу стартапи околу вас? Можете да стигнете до истите ресурси со помалку потешкотии дури и ако не живеете во Њујорк. Вистина е дека има повеќе инвеститори и можности за вмрежување, но мислам дека основач може да пристапи лесно до тие ресурси онлајн, и да го дополни останато со посета на настани и глобални конференции“, вели Вилијам.
Нема што да додадам повеќе, освен дека и двајцата ги покануваме сите љубопитни дигитални номади да дојдат и да го посетат убавиот Охрид и да и се приклучат на стартап заедницата тука. Беше навистина задоволство да се разговара со Вилијам и да ги чујам предностите што ги има дигиталниот номад во Охрид, иако по 6 години тука, тој е повеќе домаќин сега. За сите што сакаат да добијат можност или покана, очекувајте го во септември вториот дел на StartuQube. Кој сака да се приклучи, може да ни пише. Се гледаме во Охрид повторно на последните денови на летото.