Intel се откажа од мобилни чипови откако потроши 10 милијарди долари на нивен развој

По повеќе од 10 милијарди долари инвестиција и 3 години развој, Intel е подготвен да се предаде. Компанијата минатата недела објави дека прекинува со развој на мобилни чипови за паметни телефони, пренесува Recode.

Она што е поголем проблем е отказите за 12.000 вработени кои работеа на чиповите за мобилни, но не успеаја да креираат конкурентен чип. Компанијата се откажа од развојот на дел од чиповите откако дозна дека за вистинско освојување на пазарот ќе бидат потребни години. Сепак компанијата не се откажала во целост од мобилниот пазар. Шпекулации велат дека Intel инвестира во 5G-технологјата, а Intel ќе има удел и во новиот iPhone. Kомпанијата неодамна објави манифест во кој ги наведе технологиите во која е заинтересирана, како Интернет на нештата и сензори за автономни возила.

Изненадувачки повлекувањето на развојот за дел од чиповите доаѓа без критики, а единствените критики се зошто компанијата воопшто инвестирала во овој пазар и зошто не се повлекле порано. „Сметам дека ова е знак за пореалистично размислување во Intel кое е поверојатно поисплатливо. Нивниот главен фокус сега е одржување на PC-бизнисот и раст во полето на податочни центри и примена на интернет на нештата. Перформансите во податочните центри се навистина добри веќе неколку години, но пазарот за интернет на нештата е мал“, вели истражувачот Јан Досон.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk