0 коментари 2 мин. читање 4 мај, 2016

Автомобилите на Tesla го прочистуваат воздухот благодарение на Bioweapon Defense Mode

Најновиот проект на Tesla Motors е да ги направи своите автомобили да помогнат за почист воздух. Иако изгледа невозможно бидејќи се работи за автомобил, сепак компанијата претстави нешто што се вика Bioweapon Defense Mode. Тоа е функционалност на Model X и Model S која овозможува воздухот во автомобилот да биде чист без разлика колку е загадено надвор. Компанијата направи демонстрација со воздух кој е 200 пати позагаден од оној во Пекинг, а по филтрирањето за само две минути воздухот беше безбеден за дишење. Tesla на својот блог тврди дека возачите на нивните возила можат да преживеат и напад со биолошко оружје, доколку не го напуштат возилото.

Системот за филтрирање вграден во Tesla овозможува отстранување на полен, бактерии и загадување, па дури и мувла и вируси, пред да влезе во кабината. Системот активно го филтрира и воздухот во кабината, па нема никаква опасност за патниците и возачот. „Конечниот резултат е филтрација која е 100 пати поефикасна од стандардните филтри, кои можат да им овозможат на патниците и возачите најдобар квалитет на воздух во кабината, без разлика што се случува во околината“, вели директорот Илон Маск.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top