Сите телефони во Индија ќе треба да имаат копче за паника

Дали технологијата конечно ќе успее да им стави крај на силувањата на јавни места во Индија, или пак производителите на телефони ќе ги игнорираат властите кои бараат поголема поддршка против насилството? Од 2017 сите телефони кои ќе продаваат во Индија ќе мораат да имаат „копче за паника“, a од 2018 година секој телефон ќе мора да доаѓа со GPS. Во сегашните телефони како копче за паника ќе се користат 5 и 9, но во иднина мора да постои копче на сите телефони кои ќе се продаваат во Индија, јави Mashable.

Податоците на владата покажуваат дека во Индија на секои 30 минути има по едно силување, а технологијата и телефоните се обид за заштита. „Целта на технологијата е да го направи животот на луѓето подобар, а што е подобро од ова отколку да ја зголемиме безбедноста на жените.“, вели Рави Панкар, индиски министер за телекомуникации.

Ова нема да биде лесна задача за оние кои внимаваат на дизајнот на своите уреди, а најголем дел од производителите се обидуваат да го отстранат физичките копчиња кога тоа е можно. Производителите нема да бидат воодушевени од оваа одлука, но Индија е многу голем пазар, па најверојатно ќе направат некакви отстапки. До 2017 треба да биде воведен и сервисот до кој ќе вртат телефоните кога ќе биде притиснато копчето за паника. Во следните неколку месеци ќе биде воведен и општ телефонски број за итни случаи на кој ќе се врти со притискањето.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments