Квантниот компјутер на IBM достапен за сите

IBM ќе им овозможи на сите да го користат нивниот квантен компјутер. Со оглед на тоа дека сè уште станува збор за технологија која е во експериментална фаза, отворeниот пристап не е изненадување.

„Сметам дека некои од луѓето ќе научат работи за однесувањето на квантните компјутери на кои ни развивачите не помислиле.“, вели Давид Девиченцо од RWTH Aachen.

Компјутерот до кој сите ќе имаат пристап е со 5 „qubit“ (што значи quantum bit), но од IBM сметаат дека во следната декада ќе бидат достапни квантни компјутери со помеѓу 50 и 100 „qubit“. Иако има отворен пристап до компјутерот, сепак не сите ќе имаат корист од него. Истражувачите кои и самите работат на развој на квантни компјутери ќе можат да тестираат некои од своите теории.

Квантните компјутери за разлика од сегашните можат да оперираат со три состојби: единица, нула и двете состојби истовремено.

Компјутерот кој го разви IBM е сместен во огромен фрижидер, а главната причина за ова е чувствителноста на квантните процесори, вели BBC.

Корисничкиот интерфејс кој е достапен за заинтересираните е составен од неколку drag & drop логички порти, на кои може да се формираат алгортими и да се експериментира. Овие промени потоа одат на симулатор или на квантниот компјутер.

Пред да почнете да славите и да планирате квантен Super Mario, IBM нема баш на сите да им дозволи пристап до компјутерот. Сите заинтересирани ќе треба да го контактираат развојниот тим кој потоа ќе им испрати покана за тестирање.

„Тестовите ќе бидат корисни единствено за експерти кои знаат што прават, но идејата дека е достапен до сите може да го помогне и да ги донесе квантните компјутери пред јавноста, а со тоа и да охрабри повеќе луѓе да се заинтресираат за начинот на кој ова е возможно.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk