Како регрутираат талент гигантите Google, Facebook и Amazon

Дали сте биле на интервју за работа на кое постојано ви презентирале погрешни податоци, ве шетале од една во друга просторија, или не ви дале доволно податоци каде ќе продолжи интервјуто? Ова се само дел од триковите при регрутирањето нa кадри, а ги користат и најголемите светски компании.

Google, Amazon и Facebook не се премногу различни компании – сите се ИТ гиганти кои го диктираат онлајн просторот,  па можеби затоа и не е преголемо изненадување дека компаниите користат иста пракса за да бидат сигурни дека ги вработуваат најдобрите кандидати.

Триковите кои ги користат гигантите за време на интервјуто им овозможуваат да бидат сигурни дека вработуваат: трпеливи, самостојни, фокусирани работници, кои можат да се снајдат во непредвидливи ситуации, а дел од нив ги користат интервјуата за работа и за прибирање на идеи за некои од актуелните проблеми на компанијата.

Еве дел од триковите кои ги користат овие компании во текот на интервјуата за работа, но и причините за нив. Повеќе за праксата на интервјуата на овие компании може да прочитате на Quartz.

Една од праксите на компаниите е да го направат интервјуто збунувачко и непредвидливо, а ова ќе им овозможи да видат како идните вработени ќе се снајдат во непредвидлива средина и каков ќе биде нивниот одговор во непредвидлива средина. Во слична насока е и глумењето дека нешто не е во ред на интервјуто.   

Дел од прашањата кои најверојатно најмногу ги нервираат идните вработени се смислени токму за ова. Така идните вработени може да добиваат постојано исти погрешни прашања. Ова овозможува компанијата да биде сигурна дека одговорите се конзистентни, но и дека кандидатите кои се лесно се нервираат, нема да влезат во компанијата.

Конечно доколку не добиете повик по интервјуто, не очајувајте. Компаниите понекогаш ги оставаат талентите да чекаат неколку месеци пред да ги повикаат да работат и тоа на потполно различна позиција. Целта на ова е да проверат колку некој од интервјураните сака да работи за компанијата и дали е подготвен да остави сѐ и да дојде да работи на позиција во која не се замислувал.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments