0 коментари 1 мин. читање 3 мај, 2016

Градот на патките може да биде oснова за идните автономни возила

Со десетици гумени пајчиња сместени во мали играчки, студентите од реномираниот универзитет MIT ќе се обидат да решат дел од проблемите на автономните возила. Проектот треба и да им помогне на учениците да ги разберат сите предизвици со кои се среќаваат креаторите на паметните возила. „Најважно е дека ова го правиме со класот, а научната вредност на Duckiebot е грубо иста со научната вредност на автономните возила“, вели Лиам Пол, професор од MIT и водач на истражувањето.

12628489_1015374208502065_8429234085365174661_o

Задачата на студентите е да креираат флота на автономни автомобили кои ќе бидат симулација на вистинскиот сообраќај, но мора да внимаваaт и роботите да бидат со пониска цена. Вака креираната флота е поедноставна за креирање и тестирање. Проектот е дел од соработката за развој на паметни возила помеѓу MIT и Toyota „тежок“ 25 милиони долари, јави Quartz.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top