Twitter ќе ви помогне полесно да пронајдете профили со кои споделувате заеднички интереси или пријатели кои не сте успеале досега да ги пронајдете. Новиот Connect таб ќе го овозможи токму ова, а веќе е достапен за најпопуларните платформи. Во Twitter признаваат дека за пронаоѓање на интересни профили е потребно трпение и среќа, но ветуваат и дека новата надградба ќе го промени ова.
Алгоритмот кој ќе го овозможи поврзувањето на профили, собира информации од профилите кои веќе ги следите, локацијата, твитовите кои ви се допаѓаат, но и од популарни теми. Секоја од препораките ќе доаѓа со објаснување зошто некој профил се препорачува, вели Twitter на својот блог. Connect ќе овозможи и полесно пронаоѓање и на членовите на семејството на микроблогот, преку синхронизација на адресарот. Корисниците ќе добиваат и автоматски пораки доколку некој од нивните контакти се приклучи на Twitter. Надградбата е веќе достапна за iOS и Android, па корисниците кои ја надградиле апликација, веќе можат да ја забележат промената.
