Windows Phone 7 и LG Optimus 7 пристигнаа во Македонија
LG Electronics го претстави Optimus 7, првиот телефон во Македонија кој работи на тазе објавената и комплетно редизајнираната Windows Phone 7 платформа.
Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.
LG Electronics го претстави Optimus 7, првиот телефон во Македонија кој работи на тазе објавената и комплетно редизајнираната Windows Phone 7 платформа.
„Мобил Фестивал“ e првиот фестивал на филмови снимани на мобилен во Македонија. Фестивалот ќе се промовира во рамките на „Cinedays“ од 11 до 18 ноември, а официјалната селекција на филмови ќе се прикаже на 19 ноември, во Младинскиот културен центар.
Symbeose или Symbian - вметнатиот оперативен систем на Европа е конзорциум од 24 организации од 8 ЕУ земји чија цел е да се развијат модерни проекти кои ќе го зголемат глобалниот дофат на Symbian, односно овој мобилен оперативен систем да стане поконкурентен со Google-овиот Android и Apple-овиот iOS. Инвестицијата од 22 милиони евра во непрофитната Symbian фондација доаѓа од ARTEMIS иницијативата на ЕУ за истражувања и развој.
Инспирирани од iDos, апликација-емулатор со која можат да се играат прастарите аркадни Dos игри на iPhone, момците од Pikigeek направија водич како да се инсталира од 1992-ра Windows 3.1 на модерните мобилни уреди.
Инстант пребарувањето на Google, кога пребарувачот ви дава резултати додека го куцате терминот, сега е достапно и за мобилните верзии, односно за Apple уредите и мобилните телефони што работат на Google-oвиот Android оперативен систем.
„Мобилните ни станаа нашите персонални компјутери, секогаш со нас и секогаш спремни за да се блогира нешто со нив.“ вели Исак Кејет од Wordpress во блог пост кој го слави 1 милионитиот мобилен корисник од сите платформи.
8pen на 3qubits ги заменува класичните, конвенционалните QWERTY тастатури на мобилните уреди на допир, и нуди нов начин на вметнување текст само со движење на прстите.
Mandroid.mk е нов .мк портал со информации за мобилниот оперативен систем Android. Освен вести, Android ентузијастите ќе можат да најдат детали за мобилните телефони кои работат на овој оперативен систем, како и разни Android апликации.
Грешка во iOS 4.0.1, оперативниот систем на iPhone , предизвика секој аларм да ѕвони еден час подоцна, игнорирајќи го зимското сметање на времето кои се промени во неделата. Автоматскиот часовник на iPhone всушност го сменил времето, но алармот наместо во, пример, 8 часот, ѕвонел во 9.
Engadget објави слики од прототип од PlayStation Phone кој е хибрид меѓу телефон и гејминг уред. PlayStation Phone работи на Android Gingerbread оперативен систем и ќе има пристап до Sony пазар на игри од каде можат да се симнат игри дизајнирани за платформата..
AdMob, мрежата за мобилни реклами на Google, стартува интерактивни реклами за Android телефоните.
App World 2.0 пазарот за Blackberry апликации сега доби своја онлајн верзија со што ќе се овозможи симнување апликации од интернет на компјутер, а потоа нивно префрлање на мобилен. Со оваа можност Blackberry App World наликува на Apple-овиот iTunes, ако се изостави разликата во бројот на апликации, Blackberry има над 10.000 апликации, за iOs има скоро 300.000. Интересно, Google најави дека и тие работат на слична веб верзија на Android продавницата за декстоп.
Според развивачкиот тим на Android, сега има над 100.000 апликации за Google-овата мобилна платформа. Популарноста на Android продолжува да расте благодарение на отвореноста, софтверот е со отворен код па многу производители го преферираат Android за своите мобилни уреди. Досегашните верзии на платформата ги преферираа мобилни телефони, но се претпоставува дека најновата 3.0 Gingerbread верзија на Android ќе биде приспособена за таблет компјутерите. Појавувањето на Android таблет компјутери сигурно ќе значи и повеќе апликации.
Gingerbread е името на се уште не објавената 3.0 верзија на Android мобилната платформа. Google не даде официјална изјава, туку ова се потврди со видео „Ние готвевме нешто...“ во кое се гледа поставувањето на Gingerbread man статуетката на кампусто на Google. (Ако се чудите на името и статуетката, Gingerbread е колаче од ѓумбир, вакви колачиња во форма на човече се традиционално нешто во САД)
Electronic Arts го купи Chillingo, издавачот на Angry Birds популарната мобилна игра којa откако се појави на iPhone, потоа и на други платформи, беше симната над 6.4 милиони пати. Според All things D, ЕА ќе плати околу 20 милиони долари во кеши + дополнителни профити за компанијата. Интересно ЕА нема да ги добие правата врз Angry Birds и слични игри кои Chillingo ги дистрибуира.
Android WiFi Manager е нова бесплатна алатка со која безжично го синхронизирате вашиот Android телефон и вашиот компјутер, пренесувајќи ги контактите, сликите, пораките, видеата, музиката и апликациите. За да ја користите синхронизацијата PC-то и телефонот мора да бидат на иста WiFi мрежа.
Новиот Nokia N8 паметен телефон не наиде а добри критики и рецензии, познатиот блог Gizmodo дури и пиша текст како и зошто не сака да го рецензира N8... Куп лоши критики за новиот телефон.
По Македонија и Хрватска, и во Србија заврши Vip Android предизвикот и се прогласија победниците. На српскиот натпревар победи апликацијата B92, но беа доделени и награди низ четири категории: забава, информација, комерцијални аппликации и најдобрите надградени апликации од претходниот конкурс.
Microsoft официјално ја претстави својата нова мобилна платформа Windows Phone 7. Microsoft комплетно ја редизајнираше својата нова платформа со цел да конкурира на iPhone, BlackBerry и Android паметните телефони.
<Надополнето 15.11.10> Oд 31 ноември Nimbuzz веќе не поддржува Skype. Повеќе детали во блог постот на Nimbuzz. </надополнување> Пред некој ден Skype објави своја Android верзија, но наиде на проблеми кај некои корисници и не беше баш најсјајна според функционалноста. Затоа Томи Јовановски предложи: