Ќе се одржи фестивал на филмови снимени со мобилен телефон

0 коментари 1 мин. читање

„На два милиона и шеесет и шест илјади жители, Македонија има околу 2 милиони и седумстотини илјади мобилни телефони и исто толку потенцијални “филмаџии”. Доволен предизвик за да стартуваме со ваков фестивал.“ велат од MobileFestival.net

„Мобил Фестивал“ нуди можност на сите кои го користат мобилниот телефон и како средство за креативна и документаристичка експресија, преку овој фестивал да ги претстават своите творби на пошироката публика. Рок за пријавувањето е 15.11.2010, нема лимит на должината на филмот кој, нели, мора дас е снимен со мобилен телефон. Повеќе детали ќе најдете на сајтот.

На фестивалот, на 19-ти ноември, ќе бидат прикажани сите пријавени филмови од македонски автори, ќе бидат наградени најдобрите, а ќе се прикажат и филмови снимени со мобилен од други европски и светски фестивали.

Организаторите на фестивалот се продуцентскатa компанија КТ Филм & Медиа и Младински културен центар.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top