Неверојатната HD камерата на Nokia N8

3 коментари 1 мин. читање

Но, Nokia N8 ја има една од најсофистицираната меѓу паметните телефони, 12 мегапиксели HD видео камера. Затоа за да го демонстрира потенцијалот на камерата и да придонесе кон позитивен ПР, Nokia го ангажираше режисерот Томас Хиланд кој направи кратoк филм користејќи ги N8 телефоните.

Подолу е краткиот филм Dragonfly Love, и видео како е сниман. Интересно режисерот Хиланд во еден момент вели дека „камерите се доволно мали за да ги ставиме каде сакаме“ со намена да снимат инсерти под различни агли. Тоа е доста интересна изјава. Сигурно наскоро ќе видиме и други модели на паметни телефони со неверојатни камери кои ќе овозможат на разни професионалци, ентузијасти и аматери да снимаат свој краток филм. Технологијата е тука и достапна, ред е да се искористи.

(via Тhe Next Web)

Dragonfly Love – The Film from The Dragonfly Love Project on Vimeo.

Making of Dragonfly Love from The Dragonfly Love Project on Vimeo.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед