Претставен Windows Phone 7 и неговите телефони

5 коментари 1 мин. читање

„За почеток, ова е комплетно свеж старт на Microsoft со паметните телефони. Второ, ова е нов пристап на Microsoft кон интегрирање продукти и сервиси на компанијата во телефонот за да понуди побогато искуство и поголема продуктивност.“ вели Microsoft во официјалното соопштениe.

„Интегрирање други продукти“ значи дека Windows Phone 7 ќе има пристап до веб базираните Microsoft Office алатки, но и до xBox Live гејминг платформата за која се најавени популарни видео игри, пример Sims 3.

„И за крај, новиот телефон е критичен за трудовите на Microsoft да земе дел од огромниот пазар на мобилни телефони, кој и покрај успехот на iPhone и Android се уште не е допрен на глобално ниво.“

За да го стартува Windows Phone 7 на 21 октомври на европскиот мобилен пазар, односно на 8 ноември на американскиот, Мicrosoft соработува со производителите на мобилни LG, Samsung и HTC. Подолу е листата на претставените Windows Phone 7 паметни телефони за европскиот пазар, а тука ќе ги најдете сите модели од сите производители заедно со спецификациите на моделите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top