1
Ќе се одржи фестивал на филмови снимени со мобилен телефон
„Мобил Фестивал“ e првиот фестивал на филмови снимани на мобилен во Македонија. Фестивалот ќе се промовира во рамките на „Cinedays“ од 11 до 18 ноември, а официјалната селекција на филмови ќе се прикаже на 19 ноември, во Младинскиот културен центар.