Што е е-отпад? (презентација)
Каде ги фрлате старите компјутери, старите мобилни, нефункционалните лаптопи, монитори, модеми, принтери, заедно со другите електрични уреди како шпорети и фрижидери?
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за ИТ.МК. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Каде ги фрлате старите компјутери, старите мобилни, нефункционалните лаптопи, монитори, модеми, принтери, заедно со другите електрични уреди како шпорети и фрижидери?
<Надополнето со изјава од ENTiTY:> За Јован Каланоски - Kalan, капитенот на ENTiTY, организацијата на овогодишниве qWCG беше со „светски рамки, со финале на бина“.
<Надополнето со изјава од организаторот:> Подолу е изјава од Лазар Поп Трајков, еден од организаторите , кој ни одговори на претходно пратениот имејл за првиот Лан Фест 2011. „Одзивот за предавањата беше реален т.е. некои се откажаа поради тоа што на луѓето не им се допаѓа таа тема или лошиот термин. Некои се одржаа со 10-20 луѓе, на некои имаше и по 130-140, така да не само што е реално туку и успешно за прв пат. Не разбирам зошто се гледа на неуспех на овој сегмент. Имаше странски презентери и експерти од познати брендови кои не секој ден можат да ги следат, како и локални експерти и презентери и сето тоа за 90 денари на ден или 300 за трите дена.“, вели Лазар додавајќи дека причитине за непосетеноста можеби е „скептичноста“ бидејќи е прв настан, можеби бидејќи саботата се учеше, заради изборите и партиското етикетирање и недоволен маркетинг од медиумите кои се занимаваа со политика.
Гласомер.мк е веб алатка за едукација и споредба на своето со политичкото мислење за парламентарните избори 2011-та.
Ситеогласи.мк е сервис кој ги собира сите огласи од разни веб .мк страни како Пазар3, Реклама5, Огласуваме и други, и ги презентира на едно место. Сервисот е агрегатор, налик на time.mk и daily.mk, само за огласи, не за вести.
SpeakIT! е една од единаесте најдобри екстензии за Chrome прелистувачот, вели популарниот американски блог Huffington Post. SpeakiT! e изработена од SkechBoy a.к.а. Трајче Петров, кој е и еден од креаторите на онлајн играта Mafia.mk.
По успехот на ланскитe „идеи вредни за споделување“, сега се спрема и втор локален TEDx настан.
Soc.io Mall на Seavus е трговски центар за Android апликации каде брендовите можат да си брендидараат онлајн простор - Shop in a Shop, и да продаваат од е-книги до мобилни апликации и музика. Фокусот на центарот е „персонализација на брендот и поврзување со корисниците“ вели продукт менаџерот за Soc.io Mall, Ирена Чаловска со која направивме кратко интервју да ни ја објасни продавницата.
На Facebook ѕидот на Окно.мк се појави скриншот од кој се гледедека сајтот е блокиран низ студентските домови заради порнографија. Бидејќи интернет врската ја обезбедува Министерството за образование веднаш се помисли на политичка цензура бидејќи Окно.мк е „анти-естаблишмент“. Но, се појави дека Mинистерството користи Gateway кој е селектиран според клучни зборови да го лимитира трошењето на интернет сообраќајот по студентските домови.
Кодот на наградуваната Поправи.мк, веб и апликација за Android, е објавен и достапен на Github. Заедно со веста за кодот се објави и нова 2.0 верзија.
<Надополнето>Се чини дека со „наскоро“ Google мислеше на веднаш. Македонските Аndroid корисници веќе можат да се купуваат апликации од Android Market. Доколку ја стартувате продавницата од вашиот мобилен ќе добиете Top Paid, Top Free и Just In категорија за пребарување на апликации. (tnx до @Goth_fifty и @MarjanIvanovski за инфото)
„Едно лето“ е проект направен со цел да се зголеми интересот за развој на слободен софтвер во Македонија од страна на Слободен софтвер Mакедони, Java User Group Macedonia (JugMK), Rubi User Group Macedonia (rubјаy.mk), Python User Group Macedonia, во соработка со ФИНКИ.
Позитивни импресии, срамежлива-за-дискусија публика, добри примери на успешни апликации и проблеми со микрофонот... сé на се, првиот македонски Mobile Monday беше интересен настан кој ги собра мобилните ентузијасти и програмери да дискутираат за како се развива .мк пазарот, да се чујат примери за успешни апликации и да се види како понатаму во развојот на истите.
Бојан Костадинов, Игор Кулев и Васја Павлов се тројцата најдобри програмери од финалниот CodeFu настан, кој се одржа во недела, 08 мај, во организација на Netcetera.
Корисничкиот агрегаотор на популарни вести Ping.mk доби комплетно нов редизајн станувајќи повеќе како сајт со вести, категории, популарни и последни написи, отколку како што беше претходно само листа од соберени линкови. Всушност, листата со линкови останува во делот „агрегатор“, но почетната страна е направена да наликува на веб сајт за брзо прегледување на популарни вести. Опциите за лајкување и коментирање остануваат покрај секој пост.
Во Македонија скоро сите партии имаат тим за интернет кампања. Можеби мотивирани што скоро пола Македонија, скоро 900.000 гласачи се на друштвените мрежи, можеби импресионирани од кампањите на Барак Обама, партиите работат на Facebook профили на кандидатите, Twitter комуникација, YouTube видеа, се праќаат имејлови, се со обид да се биде што е можно поинтерактивни.
Македонските Facebook корисници се мета на таргетирана локална phishing измама. Корисниците преку хакнати профили на нивните пријатели се водат до страна - http://www.jesjes--slike.tk/ која наликува апсолутно на Facebook со порака „логирај се има твои слики тука“. Целиот текст е напишан на македонски, а ако се обидете да четувате со хакнатиот пријател ќе добиете одговор на македонски бидејќи разговарате со локален black hat хакер зад профилот.
Новиот бесплатен .мк сервис Donesi.com е наменет за интернет нарачување на храна од рестораните без потреба да се врти телефон. Сервисот за почеток има само четири ресторани од Скопје, но најверојатно наскоро ќе се додадат уште ресторани и сендвичари како од Скопје така и од другите .мк градови.
Македонски телеком постави Hotspot безжичен интернет пристап низ 300 локација ширум македонија како дел од проектот „Интернет насекаде“.
Darko156, Sead93, Natalija, Kuzevski, Ribaro, Moondowner, Zuberot, Twibi, Kapsarovb, Martinmarkovski, Lacialec и Jofemk се највлијателните македонски твитерџии според анализата на влијателниот српски блогер и онлајн стратегист Драган Варагиќ.