Mногу бргу информацијата за цензурата се појави на Twitter каде беше пречекана од незадоволство oд твитерџиите бидејќи интернет цензура можеби е типична за комунистичка Кина, но не и личи на една демократска земја, нели?
RT @razvigor: RT @minimoog77 @Andrej_A: http://Okno.mk блокиран од страна на МОН во студентски дом Гоце Делче… (cont) http://deck.ly/~PnMWv
@superman237 @razvigor @minimoog77 @Andrej_A Ej не е блокиран, сега провери човек што живее таму.
За среќа на секој македонски интернет корисник се испостави дека Министерството цензурира куп сајтови во студентските домови поради бендвитот, не поради политичката порака, односно ги блокира сајтовите кои можат да потрошат многу интернет сообраќај како торент сајтови или порно сајтови, иако @Borokitanoski има добра поента што се однесува на студентскиот живот. Всушност зарем не се сите студенти полнолетни?
Откако се дознало дека софтверот го блокирал Окно.мк, најверојатно според некои клучни зборови, а се јавил и самиот уредник на порталот, Министерството го ставил Окно.мк во „исклучоци“ листата за во иднина доколку се најдат несакани зборови на порталот да не биде блокиран. Како што покажува скриншотот подолу кој го добив од Министерството.
Сега Окно.мк се отвара од студентските домови но тоа што е интересно е што има цензура на YouTube и друга видео содржина која што се користи по македонските сајтови, што може да значи да се блокираат и други сајтови кои не се означени како „исклучоци“… затоа држете будно око на тој Интернет! :)




Коментари
30 коментари
Коментарите се затворени.