„За тоа имаме задолжено посебни луѓе од нашиот медија-центар. Тие се на Интернет по повеќе од 20 часа дневно, можат да додаваат информации и да ги регулираат содржините не само од штабот туку и од други места. Имаме профил на Facebook, како и канал на Youtube за видеоматеријали, а отворивме и сметка на Twitter, но таму заинтересираноста е слаба. Се трудиме комуникацијата да биде интерактивна, примаме и критики, но не на ниво на навреди.“, велат од Нова Демократија за Нова Македонија.
Интересно, за двете најголеми .мк партии можеби мотивацијата е да се биде пред другиот во „вечната“ борба. Барем така изгледаат изјавите, па и самите кампањи кои се контра-другите.
„Имаме сметки на Youtube и на Twitter, како и една од најпосетените страници на Facebook, двапати попосетена од таа на ВМРО-ДПМНЕ. “, велат од СДСМ додавајќи дека „Интернет ќе има големо влијание врз гласачите“.
Експресно испечатена вмровската книга под мотото „Лагите на Груевски не запираат повеќе!“ http://t.co/X7gdf5V #izborimk
ВМРО-ДПМНЕ од друга страна објави iframe банери со променлива содржина низ скоро сите веб портали, вклучувајќи го и It.com.mk. Во моментов тој банер линка до YouTube видео против Бранко Црвенковски.
Тоа што ги влече партиите е што граѓаните се всушност онлајн, по цел ден на компјутер, па стартување онлајн комуникација можеби ќе значи и добивање на глас повеќе. Од ЛДП велат дека целта е „да бидеме што поинтерактивни, значи да добиваме прашања и да даваме одговори, не само да објавуваме дневни активности“, додавајќи „Мислењата дека само млади користат Интернет се стереотипни, тој се користи од сите што сакаат да бидат во тек со времето, и една ваква кампања е најдобра за да им се пристапи на тие луѓе“.
Интересно, гледајќи го Twitter профилот на ЛДП наидов и на @glasac кој очигледно е лажен партиски профил наменет да се промовира хаштагoт #izbori. :)
@glasac 140 карактери не се доволни да одговориме на прашањето. Исцрпен одговор ќе дадеме на вебсајтот и ќе ти пратиме линк за да го видиш.
ДУИ има исто така интересен коментар за Интернет велејќи дека е „алатка со која треба токму на нив да им пристапиме, без разлика што според некои истражувања тие не се многу заинтересирани за политика“.
Се чини единствени партии што немаат Интернет присуство се ВМРО-НП кои сепак најавија дека ќе стартуваат Facebook профил, додека Љубе Бошкоски вели дека Обединети за Македонија е „посветена на теренот“ за граѓаните „да ни ги видат лицата, а не да комуницираме преку компјутери“ па можеби посериозна интернет кампања ќе се направи накај 2018-та.












Maгарето на зајакот…
posteno :)
mu reklo imas golemi usi