2 коментари 2 мин. читање

IT настан: Приклучете се и програмирајте на „Едно лето“

Заинтересираните можат да се пријавуваат во три различни категории:

  • Project creator/s (ментори) – лице кое го води проектот и има големи познавања од областа;
  • Contributor/s (придонесувач)- лице кои има големо искуство во програмирање со други технологии но не и со таа која е потребна за проектот;
  • Student/s (студенти) – лице заинтересирано за даден проект кое има основни познавања дефинирани од Project creator кои се потребни за истиот. проект со тоа што Студентот ќе добие ментор кој ќе го води низ проектот. Студентот ако биде прифатен ќе стане и Contributor.

Зошто да учествувате на „Едно Лето“?

На секој студент му е потребна практична работа за да ги утврди и прошири своите знаења. Најчесто практичната работа е задолжителна на факултетите, па овој проект е одлична можност да се стекнете со такво искуство и да добиете уверение за него кое можете да го приложите на вашиот факултет. Менторите се искусни и имаат големи познавања, и ќе можат да ве насочат во вистинската насока. Студентите ќе имаат можност да користат најнови технологии, што е особено важно во оваа динамична индустрија.

Учествувајќи во овој проект ќе ја имате уникатната можност да се вклучите во заедницата на слободен софтвер и да придонесете за нејзиниот развој. Важно да се замапети е дека немора да сте во Скопје за да работите, а и секако да не ја заборавиме и најважната причина: забавно е!

Листата на проекти можете да на видете овде. Ќе имате можност да работите со: Java, Erlang, Python, Ruby, HTML5/JavaScript и др.

Важни датуми

  • Пријавување на учесници: до 31.05.2011;
  • Објавување на прифатени: 5.06.2011;
  • Почеток со работа: 15.06.2011.

Можете да се пријавите овде, или пак на [email protected].

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top