0 коментари 1 мин. читање

Ping.mk се освежи со редизајн

Ping.mk е сервис-агрегатор каде што корисниците собираат и постираат линкови, наместо линковите да се собираат автоматски, преку RSS, како што е кај агрегаторите за вести. Бидејќи е кориснички генериран избор, односно секој корисник може да сподели линк, шансата да се најде поквалитетна и изберена содржина е поголема.

Новиот редизајн на Ping.mk е обид да се популаризира сервисот и да стане влијателен во .мк како што се влијателни во светот популарните Digg и Reddit, и двата се исто сервиси со кориснички агрегирана содржина.

Ping.mk е проект на фондацијата Метаморфозис.

(via @Zabrcanec)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top