Совети

2.210 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Совети. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети

Сите македонски каталози во една апликација

Во Македонија еден куп каталози од еден куп продавници и маркети, почнувајќи со Кам и Стокомак, движејќи се преку Tinex и Vero, па завршувајќи со Алфи, Нептун, или Техномаркет . Поголемиот дел доаѓаат до каталозите секој пат кога ќе го посетат маркетот или преку нивнатата Facebook страна. Но, ваквото нешто знае да биде мачно, особено […]

0 коментари Прочитај 17 јануари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб Совети

Купувајте најевтини работи од македонските маркети со шопинг асистентот Kudo

На прагот на урнебесни поскапувања на цените, а исти месечни примања, многумина луѓе го немаат луксузот да се расфрлаат со пари. Токму поради тоа, потребно е внимателно пазарење и одбирање на квалитетни производи по што е можно пониска цена. Еден денар заштеден е сепак заштеден, а капка по капка – вир станува. А и да […]

0 коментари Прочитај 28 декември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб Совети

Создавајте интересни QR кодови со QRToon

QR кодовите се интересна опција за брзо складирање линкови и други податоци во серија од црни и бели квадрати. Ваквиот QR код потоа е потребно само да се детектира од вашата предна камера за да информацијата се прочита и стане спремна за процесирање. Но, QR кодовите изгледат многу здодевно и неинспиративно. Што доколку би сакале […]

0 коментари Прочитај 21 декември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб Совети

Најдобар слободен софтвер во 2021 година

Се приближува крајот на 2021-ва година, во сегментите на комерцијален софтвер има прилично познати и глобални играчи кои доминираат, меѓутоа зголемениот број хакирања, нарушувања на приватност, па дури и константното покачување на цени, многу корисници ги натера да бараат алтернативи во софтверот со отворен код (анг. open-source). Во оваа прилика, решивме да издвоиме пет софтверски […]

1 коментар Прочитај 28 ноември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Совети

MK Wallet: Како да ја користите новата апликација на Министерство за здравство

Сите се надевавме дека пандемијата, по две активни години и пронаоѓање на вакцините, брзо ќе стане минато и ќе можеме да се вратиме на нормалниот живот. За жал ова не е случај и наместо да има намалување на бројот на заболени повторно има раст низ цела Европа. Ако сакате да навлезете малку повеќе во статистиката […]

23 коментари Прочитај 24 ноември, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Вести

Е-Дневник – Упатство за родители како да потпишат евидентен лист

Текстов е дел од серијалот на IT.mk „е-Дневник“ во кој откако увидовме огромен интерес од страна на родителите на оваа тема (преку голем број посети од Google на текст постар од 10 години за е-Дневник), се решивме да објавиме упатства како и мислења за овој проект. Целиот серијал може да го најдете тука. Почитувани родители, […]

11 коментари Прочитај 17 ноември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг Премиум содржина

На што да внимавате при купување на клучеви за игри од неофицијални продавници [купивме три]

Времето на купување физички копии на игри е во фаза на заминување. Локално, тука и таму, гејмерите на конзоли имаат на располагање прилично мал број игри, најчесто преку Галерија, Анхоч, Сетек и слични продавници, но за 95% од продажбите сепак е потребно да направите дигитална трансакција и да купите клуч […] За пристап до оваа содржина, мора да купите PRO членство.

0 коментари Прочитај 15 ноември, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб ИТ.МК

Е-Дневник – Упатство за родителите

Деновиве забележавме поголем број на посети на текст стар 10 години, па прилично зачудени од каде толкав интерес за тој текст направивме мини истражување во кое ни се појасни дека добро рангираме (втор резултат) на Google за терминот “е-дневник” а воедно е и прво тримесечје на учебна година и дека од годинава, физичкиот дневник е […]

66 коментари Прочитај 11 ноември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Совети

Дигитален идентитет во Македонија – што е и како да креирате свој

Минатата недела Македонија започна да издава потврди за електронски идентитет. Дигиталниот идентитет е достапен на сите граѓани на Македонија, а засега Македонија и Хрватска се единствените држави во регионот кои имаат вакво решение за своите граѓани. Инфраструктурата зад дигиталниот идентитет се базира врз ID – услуга за дигитален идентитет на Mastercard, со која во Македонија управува провајдер […]

0 коментари Прочитај 26 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Совети

Туторијал: Како да извадите потврда за неосудуваност на телефон

Оваа недела Министерството за правда ја претстави новата дигитална услуга, со која граѓаните ќе можат онлајн да побараат и да извадат документ за неосудуваност. Оваа потврда на граѓаните им е потребна за вработување на некои специфични позиции, за огласи, за кандидатура за избори и слично. Досега единствениот начин да се извади вакво нешто беше со […]

5 коментари Прочитај 8 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети

Поставете линијар на вашиот екран

Од време на време, може да се случи да имате потреба да измерите одреден предмет, но не и да имате линијар при рака. Во такви ситуации би можеле да го посетите iruler.net за да се прикаже дигитален линијар на вашиот екран, при што предметот го мерите со директно поставување над екранот. За да мерките се […]

0 коментари Прочитај 28 септември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети

Создавајте лажни и-мејл адреси со Relay

Relay е екстензија за прелистувачот Firefox. Со неа можете да создавате неколку лажни и-мејл адреси и потоа тие да се вметнуваат при регистрација на сомнителни или неважни сајтови. Праксата со вметнување лажни и-мејл адреси знае да биде исклучително важна затоа што често се случува да се хакираат бројни бази со податоци и да се пробијат […]

0 коментари Прочитај 13 септември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Совети

Научете да креирате респонсивни веб-страници за 21 ден

Во денешно време веројатно нема недостаток на бесплатни онлајн курсеви кои тврдат дека за неколку дена ќе ве научат како да креирате веб-страница. Курсот на Кевин Пауел не ве убедува дека ќе научите баш сè што мора да знаете. Сепак е одличен почеток за секој кој го интересира веб-дизајн. Фокус на курсот се респонсивни страници […]

0 коментари Прочитај 20 август, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети Софтвер

Три апликации за откачено, но ефикасно будење

Верувале или не, 70% од луѓето имаат проблеми со станување наутро. Дали ова навистина е така? Не знаеме, штотуку ја измисливме статистиката, но претпоставуваме дека воопшто не ви беше тешко да поверувате во неа, нели? MotionAlarmClock и сонливата зомбификација низ собата Утринското станување навистина знае да биде проблем, а честите доцнења најмногу се должат на […]

0 коментари Прочитај 19 август, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести Совети

Вметнувајте забелешки во и-мејлови кои се видливи само за вас

Често се случува да добивате важни мејлови за кои или заборавите да вратите или пак правилно да реагирате. Simple Gmail Notes или SGN е екстензија која ќе ви помогне да создадете забелешки кои се видливи само за вас, а достапни секојпат кога ќе се логирате во вашиот акаунт. Simple Gmail Notes фунционира за скоро сите […]

1 коментар Прочитај 27 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести Совети

Дигитализирајте ги цртежите на вашите деца со Artbox

Често се случува на родителите да им бидат подадени најразлични „уметнички дела“ од децата, независно од тоа дали се работи за цртежи, слики, или писмени пораки. Често се случува и родители да ги земат тие дела и да ги стават во некој куп од документи и никогаш повеќе да не помислат на нив, што, како […]

0 коментари Прочитај 14 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети

Совети и апликации за поправка корумпирани MP3, зипувани и системски фајлови

Пред некој ден се потрудивме да ве советуваме како да пробате да поправите корумпирани слики, видеа и документи. Таквиот текст ви стои на располагање тука, а овојпат ќе пробаме да разгледаме неколку совети за исправка на оштетени mp3-ки, копресирани фајлови, или пак системски. Корумпирани MP3-ки Употреба на бесплатната апликација MP3val може да помогне за исправка […]

0 коментари Прочитај 9 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети

Совети и апликации за поправка на корумпирани слики, видеа и документи

Дигиталните фајлови знаат да бидат оштетени, што знае да биде огромна штета, особено во ситуации кога се работи за драгоцени слики, видеа или документи. Во овие ситуации нема магично решение, но никако не се препорачува веднаш да се откажете. Поради тоа, доколку наидете на корумпирана слика, видео или документ, засукајте ги ракавите и пробајте некој […]

1 коментар Прочитај 6 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети

Реинсталирајте Windows 10 од облак

Порано или подоцна, вашиот компјутер знае значително да ја намали брзината и ефикасноста и она што обично помага е форматирање на дискот и свежа инсталација на оперативниот систем. Во случај на Windows 10, постојат неколку процедури, од кои најмалку болната се чини дека е преземање на ISO фајл и префрлување на USB стик. Но, за […]

0 коментари Прочитај 6 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети Софтвер

Безбедно споделувајте лозинки со Bitwarden

За многумина, Bitwarden е број еден уредник за лозинки, особено кога ќе се земе во предвид можноста за безбедно споделување лозинки со едно или повеќе лица. Иако не препорачуваме, порано или подоцна може да се случи да сакате да споделите одреден онлајн акаунт, како тој на Spotify, со вашите најблиски. Bitwarden се одликува со Organisation […]

2 коментари Прочитај 5 јули, 2021
Мени
Заедница
Изглед
To top