Купувајте најевтини работи од македонските маркети со шопинг асистентот Kudo

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Совети

На прагот на урнебесни поскапувања на цените, а исти месечни примања, многумина луѓе го немаат луксузот да се расфрлаат со пари. Токму поради тоа, потребно е внимателно пазарење и одбирање на квалитетни производи по што е можно пониска цена. Еден денар заштеден е сепак заштеден, а капка по капка – вир станува. А и да не се лажеме, барање поевтини производи знае да биде исклучително забавно, особено кога ќе започнете да го користите шопинг асистентот Kudo.

Со Kudo., добивате пристап до артикли кои се моментно поскапени, но и до артикли кои се моментно пониски од нивната препорачана цена. Како што ќе забележите од горната слика, вискито Teacher’s моментно е 595 денари во Vero, но пробајте да го купите во Tinex и принудени сте да издвоите значително повеќе пари, особено доколку решите да пазарите во Ramstore или Paket.mk. Десно од продавницата и цената го гледате симболот 🔗. Доколку кликнете на него, инстантно ќе бидете одведени на страната на продавницата, со понудени можности за директна нарачка или подетално информирање за артикалот.  

Кога сме кај Teachers, од истата страна и со кликнување на стрелката за надолу, можете да изберете поразлични колични и да видите цени и за нив. Под сево ова, имате слични резултати, но за жал, додека листате низ нив немате директен увид дали цените им се поскапи или поевтини. Со кликнување на некој сличен продукт добивате паѓачко мени преку кое гледате каде го има продуктот, по која цена и линк до нивната продавница.

При листањето, можете да одберете да се прикажуваат продуктите во зависност од продавницата, како Vero, Стокомак, Рептил, Paket.mk, КИТ-Го, КАМ, Ramstore, Tinex, Жито и други.

Паралелно со ова, можете да одберете да се листаат производи со цена од 25 денари па сè до 2000 денари. Имате бројни опции за ваше лично прилагодување според моментните финансии. Понатаму, можете да изберете листање во зависност од количината, називот, амбалажата, и ред други работи. Овие прилагодувачки параметри се менуваат во зависност од продуктите кои ги гледате. Ние гледаме виски и добиваме опции за прикази во зависност од процент и врста на алкохол. Одберете ајвар, на пример, и ќе добиете малку поразлични можности за филтрирање, особено параметарот врста кој прикажува ајвари во зависност од тоа дали се лути, дали домашни и слично.

Снаоѓањето низ Kudo. беше едноставно, брзо и респонзивно, без никакви проблеми и нѝ понуди интересни увиди во моментните цени, а и успеја да нѝ ги прошири видиците и да нѝ покаже дека ништо не нè спречува да купуваме паметно и од комфорот на нашиот дом! Кој е вашиот впечаток? Пишете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Линк до Kudo.mk

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments