Создавајте интересни QR кодови со QRToon

QR кодовите се интересна опција за брзо складирање линкови и други податоци во серија од црни и бели квадрати. Ваквиот QR код потоа е потребно само да се детектира од вашата предна камера за да информацијата се прочита и стане спремна за процесирање. Но, QR кодовите изгледат многу здодевно и неинспиративно. Што доколку би сакале да ги разубавите, па дури и да внесете одредена фотографија во нив?

QRToon – Toonified QR Maker е апликација која е одлична за две работи. Првин, ви дозволува да создадете QR код од каков било линк. Второ, ви дозволува да вметнете во истиот QR код и фотографија.

На располагање имате веб апликација, која моментно е во бета верзија и подготвува многу поразлични начини за вметнување уникатни изгледи на QR кодовите, како и опција за активирање QRtoonBot, за Telegram. Доколку кликнете на копчето Try Web App (Beta) ќе ја започнете процедурата за изготвување QR кодови директно од прелистувачот. На располагање имате три чекори:

  1. Скенирање или поставување QR код, како и опција за создавање нов QR код преку вметнување на соодветниот линк во полето enter link. Кликнете next по впишувањето на линкот.
  2. Преку вториот чекор избирате некоја фотографија која ќе биде вметната во QR кодот. Може да биде ваше селфи, лого од сајтот кој ќе биде посетен, неколку букви, и слично. Ова е особено важно доколку сакате да дадете некаква претстава за тоа што претставува QR кодот и каде ве води по неговото скенирање. Па така, компаниите можат да го стават нивното лого да биде ударно на секој QR код кој го споделуваат со клиентите. Кликнете на Select Photo за да ја лоцирате и изберете саканата фотографија. Процесирањето трае неколку моменти.
  3. Преку овој чекор ја добивате финалната верзија на уникатниот QR код. Со кликнување на копчето Download можете да го преземете кодот и да го споделите со сите заинтересирани. Chose another photo ви дозволува да изберете некоја друга фотографија за истиот линк, а create another QR toon ви дозволува да направите некој друг QR код.

Сега за сега, QRToon – Toonified QR Maker дозволува само вметнување на еден вид фотографија во QR кодот, но тимот веќе работи на неколку различни начини за вдахнување живот во монотоните QR кодови. Првите три изгледи кои ќе дојдат се прикажани на горната слика!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments