Дигитален идентитет во Македонија – што е и како да креирате свој

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК, Совети

Минатата недела Македонија започна да издава потврди за електронски идентитет. Дигиталниот идентитет е достапен на сите граѓани на Македонија, а засега Македонија и Хрватска се единствените држави во регионот кои имаат вакво решение за своите граѓани.

Инфраструктурата зад дигиталниот идентитет се базира врз ID – услуга за дигитален идентитет на Mastercard, со која во Македонија управува провајдер Evrotrust преку регистрирана подружница во земјава, а со централа во Бугарија. Идејата на проектот е да овозможи дигитална потврда на идентитетот за потребите на граѓаните при комуникација со државни институции и други институции во повеќе сектори како банки, телекоми и сл. Според замислата, е-идентитетот ќе овозможи услугите од наведените сектори бидат достапни од далечина. Системот ги споредува податоците од поднесените апликации со податоците од Националниот регистар на население за да креира дигитален идентитет на корисникот. Првата услуга на корисниците на дигиталниот идентит им е веќе достапна на клиентите на НЛБ Банка – електронскиот идентитет им овозможува на клиентите на Банката да се идентификуваат и да потпишуваат е-документи со својот е-потпис, од било кое место во светот.

Важно е да се напомене дека во меморандумот што Владата го има потпишано со Mastercard, првите 150.000 дигитални идентитети ќе бидат бесплатни, а цените за останатите се уште не се најавени.

Како да го креирате својот дигитален идентитет?

Креирањето на eID е супер едноставно и сè започнува со мобилната апликација ID Operated by Evrotrust. Апликација е достапна на Google Play и на App Store, и е прилично едноставна и лесна за користење.

Секој чекор во креирањето на eID е на посебен екран, и не може да се префрлите на следниот, без да го завршите актуелниот чекор. Чекорите во продолжение се од Android верзијата на апликацијата, но без сомневање, дури и да има некаква разлика, процесот нема да биде премногу различен и на iOS – со исклучот на фактот дека iOS апликацијата засега е достапна само на англиски јазик.

Веројатно најдобриот дел од апликацијата е што речиси сите податоци автоматски се отчитуваат од личната карта и со тоа се намалува опасност од правење грешка.

На самото отворање на апликацијата корисникот е пречекан од изборот на јазик. Засега апликацијата има англиски и македонски јазик. Првите неколку екрани на апликацијата се со фокус на информации и упатства за корисникот.

Следни чекори се прифаќање на условите за користење, запознавање со политиката за приватност и дозвола за автоматска обработка на лични и биометриски податоци.

За сите понатамошни чекори се потребни:

  • лична карта,
  • мобилен број и
  • имејл адреса.

Имејл адресата е единствен податок кој не се проверува и корисникот го внесува самостојно, па овде треба да бидете малку повнимателни. Слична е ситуацијата и со бројот на мобилен, но за телефонот се испраќа проверка пред да биде потврден, што не е случај и со имејл адресата.

По внесувањето на адресата и телефонот системот ви испраќа проверка за телефонскиот број. Кодот кој го добивате автоматски ќе се пополни во соодветното поле.

Веднаш по ова ќе добиете податоци за начинот на кој се скенира личната карта. Апликацијата ве известува дека треба да ја поставите личната карта на темна позадина и да ги фотографирате предната и задната страна. Всушност овој процес е автоматизиран преку сервисот Regula Forensics – белоруска компанија која произведува софтверски решенија и опрема за форензика на документи. ID Operated by Evrotrust ќе ги скенира податоците од личната карта и кога ќе заврши со предната страна ќе ве извести со куса анимација дека треба да ја завртите од задната страна. По кусо повторување на процесот автоматски се скенира и задната страна и може да ги видите сликите и да проверите дали податоците се читливи.

Следно корисникот ги проверува податоците кои системот ги препознал и треба да ја искористи предната камера за проверка на идентитетот. За жал овој процес не дозволува скриншот од апликацијата, но е доволно едноставен да не ви е потребно дополнително објаснување од она што го читате на екранот. Овој дел не успева секогаш од првпат, и иако двапати ми успеа да го поминам овој дел од прва, повеќепати морав да го повторам процесот.

Тоа е последниот чекор за креирање на eID и за крај ќе добиете потврда дека сте ја завршиле апликацијата. Вака издадениот сертификат е со рок на траење од две години.

За отклучување на апликацијата понатаму може да се користи отпечаток од прст или се скенира ликот со предната камера. Отклучувањето со отпечатокот на прст е значително побрзо.

Што се однесува до целото искуство со ID operated by Evrotrust, целиот процес по инсталирањето на апликација до издавањето на сертификатот е супер едноставен и лесно разбирлив. Единствен проблем беше „фотографирањето“ на лицето, но можеби причина за ова да беше лошото осветлување или агол под кој ја држев камерата.

Засега единствена јавно објавена услуга која може да го користи електронскиот идентитет доаѓа од НЛБ. Електронскиот идентитет им овозможува на клиентите на Банката да се идентификуваат и да потпишуваат е-документи со својот квалификуван е-потпис, од било кое место во светот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] пример кој би можеле да го користат сите во иднина е ID Operated by Evrotrust, едноставен избор на јазикот веднаш по отворање на […]

trackback

[…] што веќе пишувавме, проектот за електронски идентитет е ставен во […]

trackback

[…] октомври напишавме чекор-по-чекор упатство за како да го активирате […]

trackback

[…] октомври напишавме чекор-по-чекор упатство за како да го активирате […]

trackback

[…] со дигитализацијава на општеството, воведување на дигитални идентификации, мигрирање на скоро сите важни податоци во облаци и […]

trackback

[…] со дигитализацијава на општеството, воведување на дигитални идентификации, мигрирање на скоро сите важни податоци во облаци и […]