0 коментари 1 мин. читање

Поставете линијар на вашиот екран

Од време на време, може да се случи да имате потреба да измерите одреден предмет, но не и да имате линијар при рака.

Во такви ситуации би можеле да го посетите iruler.net за да се прикаже дигитален линијар на вашиот екран, при што предметот го мерите со директно поставување над екранот.

За да мерките се прецизни и добиете правилно пропорционален линијар, iRuler врши автоматска детекција на големината и резолуцијата на вашиот монитор. Ова, меѓутоа не е секогаш прецизно и доколку наидете на одредени проблеми, можете рачно да ја внесете и големината на вашиот екран и резолуцијата.

Линијарот ви дозволува да мерите и во cm и во инчи.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top