Интервјуа

720 написи

Интервјуа со ИТ професионалци, основачи, инженери, креатори и лидери од технолошката заедница. Прочитајте искуства, кариерни лекции и приказни од IT.mk.

Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Холивуд ни беше целта, вели Кристијан Даниловски од студиото за визуелни ефекти Fx3x

Приказната за Fx3x е една од тие успешни приказни на која може само да и се восхитувате. Инспирирани од визуелните ефекти на Terminator 2 во 1991 година, Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ – Мишко стартуваат компанијата за анимација и визуелни ефекти. Дваесет години подоцна, Fx3x зад себе има неверојатни достигнувања – номининација за EMMY за […]

5 коментари Прочитај 13 октомври, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа Хардвер

„Шал“ е македонски краток филм снимен само со Canon 5d Mark II фотоапарат

Фотоапаратот Canon 5d Mark II стана стандард за холивудските, но и алатка за инди филмаџии да снимаат квалитетни HD филмови. Меѓу нив се и двајца млади македонски артисти Ана Јакимска и Бранко Костески кои користејќи го само импресивниот фотоапарат го снимија „Шал“, краток филм кој изгледа фантастично. Што е „Шал“? А. Јакимска: „Шал“ е краток […]

4 коментари Прочитај 10 август, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа Мобилни

Интервју со 18-годишниот Свен, креатор на Trambus, второнаградена апликација на европскиот Startup 2.0

Идејата треба да се реализира, вели 18-годишниот Свен Капуџија од Хрватска, кој е креатор на Trambus, апликација за јавен превоз која го освои второто место на европскиот натпревар Startup 2.0.

0 коментари Прочитај 24 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа Мобилни

Интервју со српскиот Taksiko, победници на европскиот Startup 2.0

Повикајте такси само со еден клик без да го знаете телефонскиот број - ова е идејата зад Тaksiko, победничката мобилна апликација на европскиот Startup 2.0. Aпликацијата е навистина интересна и ветува. Taksiko не само што го поврзува корисникот и најблиското такси користејќи гео-локација, туку се споделува дестинацијата и цената меѓу двете страни, се следи таксито, се води статистика за секој клиент, и им се нудат попусти за лојалност на клиентите.

0 коментари Прочитај 24 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Unique магазин стана првата .мк Facebook страна на бренд со над 200.000 фанови

Женската публика е сериознa друштвена публика. Ова го потврдува и Facebook странaта на Unique магазинот за женски интереси: гардероба, љубов, мажи, здравје, дизајн... Unique станува прва .мк Facebook страна на бренд/компанија која надмина над 200.000 фанови. Втора поголема бренд страна, со скоро два пати помала бројка, е таа на K-15 со над 135.00 фанови. Поголема од нив е само страната за Тоше Проевски со над 350.000 фанови, но тука не станува збор за бренд/компанија.

2 коментари Прочитај 16 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа

Децата на Бил Гејтс се шегуваат со него пеејќи му ја „Милијардер“

Во интересно интервју за Daily Mail, основачот и поранешен директор на Microsoft, и вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс откри неколку интересни факти за својот приватен живот - како кога неговите деца сакаат да се шегуваат со него му го пејат хитот „Милијардер“, а исто така му ја пуштале и Лејди Гага, но не успеал да и ги научи песните. Г. Гејтс вели доколку има пожар во својот 100 милиони вреден дом, тој првин ќе побрза да го спаси бележникот на Леонардо да Винчи „Codex Leicester" кој го купил за 30 милиони долари.

0 коментари Прочитај 14 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Граѓанско новинарство, протести, #martin… споделено од @Vnukot

Фотографии, слики од мобилен, блогови, видеа, Facebook постови и избришани групи, Twitter... се што е друштвено и можно за споделување на Интернет се искористи за да се пренесе информацијата за протестите против полициската бруталност. И покрај традиционалните медиуми, дел од нив инертни, друштвените медиуми и граѓанското новинарство беа изворот за сурови, необработени информации за што се случува по улиците на Скопје и Битола.

3 коментари Прочитај 13 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

„Ништо нема да се случи“ во Охрид, сите хакери од .мк и регионот се поканети

На 28-29 мај за прв пат во Охрид ќе се одржи „Ништо нема да се случи“ собирот на кој се поканети сите ИТ ентузијасти и хакери, како од Македонија така и од регионот со цел да се запознаат ИТ заедниците и можеби да соработуваат на разни проекти.

18 коментари Прочитај 29 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа ИТ.МК

Еден на еден со публиката

Oд неодамна во емисијата „Еден на Еден“, Жарко Димитриоски започна да ги поканува своите гледачи да ги искористат друштвените мрежи да постават прашање до гостите во емисијата. Интерактивноста која ја нудат Twitter и Facebook е како измислена за ваков вид емисии, вели Жарко, бидејќи гледачите се инволвираат не само во директната комуникација туку и во креирање на емисијата. Мреживе се фантастична работа, вели тој. Вистински свет во мало!

0 коментари Прочитај 27 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа ИТ.МК

Интервју со професор Димитар Трајанов, декан на ФИНКИ

ФИНКИ мора динамично да реагира според развојот на технологиите и да се прилагодува на нив, така го организиравме факултетот, вели проф. д-р. Димитар Трајанов кој е првиот декан на новиот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство. ФИНКИ е спој од двата информатички института на ПМФ и ФЕИТ, и станува првиот самостоен ИТ факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

4 коментари Прочитај 20 април, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Славе Јовановски, технички водач на YouTube Live

Славе Јовановски веќе две ипол години работи за Google-овиот YouTube, a во последниве 9 месеци е технички водач на новиот YouTube Live проект кој треба да донесе содржина во живо преку видео платформата која ќе е целосно интегрирана со останатиот дел од сервисот, и можеби крајната цел е да го замени телевизорот. Вели дека канцелариите на Google се баш како што ги замислуваме. Имаат се што ти душа сака.

12 коментари Прочитај 18 април, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Друштвени мрежи Интервјуа

Color објаснета, заедно со нејзините „шпионски“ квалитети

Неодамна претставениот Color привлече многу прашања и критики за своето брзо, мобилно и јавно споделување фотографии и видео според локацијата на која се наоѓа корисникот. За оваа апликација има неколку недоразбирања пред се поради чудното функционирање, па еден од основачите, Бил Нгуен, во долго интервју (скоро час време) ја објаснува нивната визија и идеја за апликацијата.

0 коментари Прочитај 30 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Мафиа.мк, веб сајт на годината

Играта започна како хоби, а потоа стана посериозен проект, вели Трајче Петров, еден од креаторите на Мафиа.мк, веб игра која е прогласена за сајт на 2010-та од читателите на IT.com.mk.

23 коментари Прочитај 15 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Никола Љушев, директор на VIP, ИТ компанија на годината

Vip оператор го стартуваше првиот Android натпревар, први донесоа таблет компјутер, се прогласи за најкомпанија на Twitter и беше прогласена на ИТ наградите како компанија на годината на .мк сцената. Направивме интервју со директорот на VIP, Никола Љушев кој освен што се заблагодари до корисниците на наградата сподели и интересни мислења за социјалните медиуми, паметните телефони и за наплив на таблет компјутерите.

15 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Mарко Чаласан, ИТ личност на годината

Наскоро Марко Чаласан ќе патува во Цирих, кај Google, за да го презентира својот проект за пренесување на HD видео преку послаби мрежи, проект преку кој ќе понуди ИТ лекции за училиштата во Македонија; кога би избирал меѓу Бил Гејтс и Стив Балмер, двата директори на Microsoft, би го одбрал Гејтс, но сепак за Балмер вели „кога дојде тој, се е ново“; направил и крак за Nero, но родителите го спречиле да го објави на интернет бидејќи нели сепак краковите не се легални, а за ИТ наградата за личност на годината на .мк сцената, десетгодишниот Марко вели дека „навистина сум горд и им благодарам на сите“.

127 коментари Прочитај 20 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Интервјуа

Закерберг за Facebook, хак-маратони и новитe профили

Марк Закерберг во интервју за „60 минути“ објасни дека низ целата Facebook канцеларија се појавува зборот „хак“ и се одржуваат „хак-маратони“ затоа што, Закерберг вели, „да кажеш некого хакер е комплимент, хакнување за инженерите значи да се промени нешто за многу брзо време, за еден вечер да смениш многу линии код и на крај да добиеш продукт“.

2 коментари Прочитај 6 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со eкипите-учесници на IEEEXtreme

На неодамнешниот IEEEXtreme натпреварот за програмирање два македонски тимови од ФЕИТ освоија одличен резултат. Тимот А: Јордан Паликрушев, Бојан Костадинов и Игор Кулев го освои четвртото место, а тимот Б: Мите Митрески, Бојана Поповска и Никола Судијовски го освоија осумдесет и четвртото место на интернационалниот натпревар на кој учествуваат 970 екипи со преку 2.700 учесници од целиот свет.

6 коментари Прочитај 22 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интернет партија на Македонија

Само Интернетот може да биде решението на многуте политички проблеми, вели Звонко Тодороски, основачот на Интернет партија на Македонија.

7 коментари Прочитај 16 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Ова е информатичка револуција, вели проф. др. Владимир Трајковски

За некои модерен, за други прагматичен, професорот по хумана генетика на Филозофскиот факултет, Владимир Трајковски ги користи дигиталните друштвени медиуми за да комуницира со студентите и да споделува информации за студиите и истражувања преку својот блог и преку својот Facebook профил.

2 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Ристо Мучев, добитник на 13 телефони за 13 Android апликации

Покрај победниците и сите македонски апликации од Vip Android предизвикот, вниманието го привлече и Ристо Мучев добитник на 13 HTC Tattoo телефони. По еден телефон за одобрена апликација беа правилата нa VIP. Дупка во правилата или добра воља, сеедно, г. Мучев ги доби телефоните. Тој задржа еден за себе, дел подели на најблиските, а дел подари на студентите на ФЕИТ бидејќи таму го запознал Android.

10 коментари Прочитај 24 септември, 2010
Мени
Заедница
Изглед