Интервју со професор Димитар Трајанов, декан на ФИНКИ

Зошто беше потребно да се отвори ФИНКИ?

Идејата за посебен факултет по информатика во рамките на УКИМ е стара десетина година, а нејзината реализација се интензивираше во последниве години и резултираше во самостоен факултет. Потребата е поврзана со развојот на технологиите, јасно е дека од денешна перспектива информатиката е доволна голема и доволно зрела област да има свој сопствен факултет. Можеби требаше да се случи поодамна, но еве, добро е што се случи да има посебен самостоен факултет по компјутерско инжинерство.

Зошто е ФИНКИ различен од претходните институти?

Различноста на ФИНКИ е пред се во можностите кои ќе се отворат сега кон постоечките и новите студенти на ФИНКИ, пред сé поради фактот што сега наставата и целата организација на факултетот ќе биде водена од информатичари.

Информатиката е многу динамична област. Токму поради таа динамика мораше да се направи современ факултет кој ќе биде така поставен да може да ги следи сите промени во полето на информатичката технологија. Во таа насока ФИНКИ е поставен како прилично флексибилна структура, во смисла на организација на факултетот, наставата и содржините кои ќе се опфаќаат, сé со цел да се одговори на предизвиците.

Што се подразбира под флексибилност? Дали ќе се менува содржината и наставата зависно од ИТ трендовите?

Тоа што е главна идеја е содржините кои ќе се предаваат да се тесно поврзани со развојот на технологииите, и да може да овозможиме она што се слуша на предметите да биде тесно поврзано со она што е потребно на македонскиот пазар. Идејата да има наставни содржини кои ќе направат студенти кои брзо ќе се вклопат во македонските компании и кои ќе се конкурентни и надвор.

Ќе се креира кадар според потребите на .мк пазарот?

Фактот што има голем број професори ни дава можност да правиме потесни специјалности. Така да може да одговориме на барањата на компаниите, кои и самите ги поставуваат. Пример, едно од нивните барања е дека им требаат луѓе на кои нема да им се потребни 6 месеци подготовка туку ќе можат веднаш да се вклучат во работењето. Затоа компаниите ќе можат да влезат во ФИНКИ, да презентираат тоа што се работи кај нив и преку изборни предмети, не пракса, да се предава содржина потребни за тие фирми, така што студентите на директен начин ќе можат да го видат како се работи во таа фирма и да ги видат технологиите со кои се работи. Така ќе бидат спремни за предизвиците.

Неодамна имаше интересен извештај од Светскиот економски форум во кој бизнис иновациите беа оценети со најмалата оценка. Дали ФИНКИ ќе помогне тоа да се поправи?

Немањето иновации е општ проблем на македонското општество. ИТ е само рефлексија на тој проблем. Претприемачкиот дух, поточно идејата и желбата да се почне свој бизнис ја нема. Работејќи со студенти гледам дека имаат идеи кои ветуваат, но тоа што фали е да се охрабрат да се сработат идеите…

Дали можеби нема успешни приказни во Македонија кои ќе охрабрат?

… ИТ е глобална индустрија. Што е различно ако некој направил Facebook во САД, зошто да не може да успее во Македонија? Основните апликации, пример да ги земеме тие што се успешни за iPhone или Android, не бараат многу напор да се креираат.

Главниот проблем кој ФИНКИ сака да го реши е да ги спремиме студентите за она што значи почнување на свој бизнис со курсеви за менаџмент, бизнис и претприемништво. Идејата е една работа, меѓутоа реализацијата на идејата е иновација. Кога ќе ја реализираме тогаш имаме иновација која вистински постои, а тој чекор како поттик фали – да се стигне од идеја до иновација.

Ова, не значи дека тековните студенти ќе бидат заборавени. И на нив ќе им се понудат такви курсеви, и тие ќе се охрабрат да ги применат нивните идеи.

Едно од најчесто попставуваните прашања е дали студентите ќе изгубат нешто во процесот на префрлување?

Никој нема да изгуби ништо. Сите продолжуваат на исти студиски програми на кои што започнале, се што им е завршено и стекнато тоа им останува на студентите, тоа им е гарантирано со Законот. Секој ќе го добие оној стручен назив кој му бил претходно напишан во неговата студиска програма.

Според вас, кои се новите технологии кои следат во ИТ светот?

Според моето поле на научен интерес, една од работите кои следат е влегување на семантичкиот Веб во многу области, или Веб 3.0. Втората голема област е развојот на апликации за мобилни технологии, секој интернет сервис мора да има сега своја мобилна апликација, тоа е тренд каде што сите сервиси ќе добијат свои апликации, не мобилни страници. И секако cloud computing, сите работи се движат кон софтверот-како-сервис.

Подолу се дел од одговорите на прашањата од Facebook

ФИНКИ ќе користи електронски систем за оценување, тој што се користи од институтот од ПМФ, но и сервиси креирани од самите студенти.

Идејата е да се даде поголем акцент на користење на електронски сервис во образованито на ИТ кадри, да се подигне на повисоко ниво образованието. Пример ќе се користи сличен сервис на Moodle, за далечинско менаџирање на наставна содржина, што е добар пример што покажува дека проектите кои се работат на факултетот ќе може да го види светлото на денот. Во моментов има и електронски сервис за следење на настава од други факултети во регионот, што е дел од проект на Европска Унија.

Дел од материјалите на ФИНКИ ќе бидат отворени за јавноста, не само за студентите на факултетот. Идејата на информатичкото општество е да биде поотворено за разлика од другите. ФИНКИ се поддржувачи на тој принцип.

За повеќе студентски прашања би било добро да го искористите Facebook и Twitter профилот на ФИНКИ, како и нивниот сајт.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Nikolap_Civiani
Nikolap_Civiani
11 years ago

"Пример, едно од нивните барања е дека им требаат луѓе на кои нема да им се потребни 6 месеци подготовка туку ќе можат веднаш да се вклучат во работењето"

Ova e dobro, bidejki mnogu od kompaniite baraat najmalku 1 godisno iskustvo so rabota na nekoi od dobro poznatite softverski platformi Java, .Net itn…

sasos
sasos
11 years ago

Konecno,ke treba pak da se zapisam

Mite Mitreski
11 years ago

Одлична изјава, само напред !!!

zorka
zorka
11 years ago

Genijalno, ti posakuvam uste mnogu zivotni uspesi na site polinja