„Како што пишува и во оригиналната најава на настанот, се собираат луѓе од повеќето гико-хакерски заедници од регионот кои што веќе организираат слични настани во своите земји и градови. Така во Загреб се организира настанот ‘Razmjena Vjestina’ додека во Скопје настанот ‘Сподели знаење’.“, вели Арангел Ангов од Слободен софтвер Македонија и еден од организаторите на настанот.
„Nista se nece dogoditi” е анти-конференција првпат стартувана во Сараево во март 2007 година на електро-техничкиот факултет каде се собраа хакери од Босна, Хрватска, Македонија и Србија. Oд тогаш кога и каде и да се одржуваат овие локални хакерски настани тие се отворени за сите ИТ ентузијасти за слободен софтвер, GNU/Linux, секакво софтверско и хардверско хакирање, микроконтролери, роботи, програмски јазици…
„За разлика од кракерите, хакерите се лица кои се борат за слободна информација, кои ја сметаат технологијата за предизвик и кои сметаат дека нема ништо што би можело да застане помеѓу нивната желба за знаење и осознавање и она што сакаат да го добијат. Најчесто хакерите бараат предизвик за решавање на проблеми кои ги нуди технолошкиот развој, особено Интернет.“, Арангел објаснува дека мора да се знае разликата од хакерите и кракерите.
Што се случува на тие собири, што може да очекуваат посетителите?
Настанот нема претходно определена агенда и истата се прави на лице-место во зависност од тоа што можат да го понудат луѓето кои што се собрани на настанот. Списокот го ставаме на некое онлајн wiki или пак во обичен едитор. Потоа истата (не по стриктен редослед) се следи во наредните 2 дена, до крајот на настанот.
Оваа година решивме да ја прошириме досегашната дружина и покрај стандардните луѓе од Хрватска и Србија решивме да поканиме и луѓе од Албанија, Косово, Бугарија и Грција. Интересот до сега е многу
голем и имаме потврда дека во Охрид ќе дојдат околу 40 луѓе од целиот Балкан.
„НСНД собир во Пула“
Дали ќе се снајде не ИТ човек, некој кој не е доволно технички поткован?
Иако во Скопје во хаклабот КИКА имаме ден (секој понеделник) кој што е посветен за решавање на проблемите кои што можеби ги имаат почетниците со нивните GNU/Linux оперативни системи, остатокот од времето се оддржуваат работилници и презентации и за доста понапредни работи од областа на програмирање, систем администрација, мрежи и сл. Понекогаш поминуваме и исти работи како на пример, на Python вечерите досега неколку пати е поминат истиот матерјал кој што претставува еден вид на „Вовед во Python“ и е наменет за почетници.
Во секој случај, зборуваме за луѓе кои што се занимаваат со технологија и веќе имаат некои основни познавања од некоја од овие области. Тоа е типот на луѓе кои што доаѓаат на ваквите настани.
Што мислиш за ИТ подготвеноста на .мк гиковите во споредба со гиковите од регионот?
Ако зборуваме за техничката подготвеност и искуство тогаш во секоја земја има луѓе што посветиле повеќе внимание на одреден програмски јазик на пример, така кај нас доста популарен е Python, а имаме и луѓе кои што се интересираат и работат со јазици како што е Erlang, додека пак во Хрватска има луѓе што се занимаваат со јазици како Haskell и LISP. Интересното е тоа што секој има некое различно искуство кое што секогаш го споделува со останатите, тоа е она што ги прави овие настани интересни и понекогаш просветлувачки. Ако зборуваме пак за организациската спремност слушнав дека стоиме доста добро со бројот на настани кои што ги организираме во нашиот хаклаб и бројот на луѓе кои што учествуваат во разните проекти и активности. Хрватите го имаат клубот МАМА во Загреб, каде што ги оддржуваат своите настани, бугарите од Софија го имаат хаклабот InitLab, додека србите се во некоја почетна фаза за отварање на сличен простор во Белград (сега за сега имаат github сметка :)).
„…во Белград“
Некоја интересна случка/решение до кое се дошло на претходните настани?
Сега за сега НСНД се оддржува во Пула во август, во Белград во април и за прв пат сега во Охрид во Мај (со надеж дека ќе се претвори во традиција) но најголемиот настан на кој што исто така се собираат сите овие луѓе се случува во Берлин во декември. Се работи за Chaos Communication Congress или CCC кој што се смета за најголемиот хакерски настан во Европа и на кој што го посетуваат луѓе од целиот свет. Филозофијата на овој собир е многу слична со онаа на НСНД со тоа што германците се неверојатно добро организирани за настанот па имаат подигнато и мини интернет провајдер со цели класи на јавни IP адреси, базна станица за сопствената GSM мрежа, хардверски лаборотории, ресторан, чил аут соба и сето тоа пропратено со презентации од многу интересни луѓе кои што се бават со многу интересни работи како што се компјутерска безбедност, градење на реплики од роверот испратен на марс, lock-picking, вградување на хардверски импланти во човечкото тело, хактивизам, биоинформатика и уште безброј други барем за нас несекојдневни теми. :)
Секоја година настанот се отвора со еден клучен говор а оваа година спикерот говореше за тоа како гиковите и хакерите треба да ги искористат своите знаења и способности за да прават добри работи и да даваат позитивен придонес во општеството. Дека хакерите и ден денес го прават тоа, имаат општествена одговорност да го прават тоа и дека треба да продолжат да го прават тоа и во иднина.
Екипата од Македонија, како и доста луѓе од Хрватска и Србија досега неколку години редовно го посетува CCC и тоа е дефинитивно она што би го издвоил како најинтересно случување секоја година.
Како можи да контактирам преку МСН или нешто ИМ со некој овластен за ова да го прашам некој поважни прашања во врска со случувањево, пошто сум стварно заинтересиран а незнам дали можам да присуствувам?
Прочитај погоре. (хинт : мејл-листа)
Во ред Алекс ова.. ама ми треба преку IM да попишувам за да се информирам повеќе… неможам директно да се пишам дека идам па после да испадни нешто… пошто сум мал во возраст и незнам како че поминам таму.
пак не сфатив што интересно се случувално на нснд. за германците што прават – пишува… за нснд нема што да се напише, или?
Сакам да учествувам на овај настан, како да се пријавам?
Прочитај го коментарот на Арангел (хинт, мејл-листа).
се регистрав на тој линкот, сега што да направам?
Најдобро би било да го прочиташ Бонтон-от за новите членови, http://wiki.spodeli.org/Бонтон_за_ossm-me…
Сега што треба да направиш е да одговориш на соодветната нишка (тема) во листата (специфично на http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-member…
абе брат се утепав од барање овде,, како се отвора тема? :/
"To post a message to all the list members, send email to [email protected]. "
фала мн, мислам се снајдов :P
Можеш да се зачлениш на мејлинг листава и да се пријавиш таму во соодветниот тред http://lists.softver.org.mk/listinfo/ossm-members
Тука се организираме за превоз и други работи – http://wiki.spodeli.org/NSND/2011/Охрид/TODO
ajde stavete info za toa za prisustvoto
ke ima ddos od mene it.com.mk da znaete :D
Не спамирај без везе :)
Дали пристуството мора да биде најавено?
Добро би било присуството да го најавиш, чисто колку да имаме бројка, никакви други ствари (како на пример досадните формулари) не се потребни.
hh eve koj e haker nema da raboti denes it.com.mk ke ima ddos ;) :D