Холивуд ни беше целта, вели Кристијан Даниловски од студиото за визуелни ефекти Fx3x

во Интервјуа, ИТ.МК

Приказната за Fx3x е една од тие успешни приказни на која може само да и се восхитувате. Инспирирани од визуелните ефекти на Terminator 2 во 1991 година, Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ – Мишко стартуваат компанијата за анимација и визуелни ефекти. Дваесет години подоцна, Fx3x зад себе има неверојатни достигнувања – номининација за EMMY за Path to 9/11, работеа на Golden Compass кој беше награден со Оскар за визуелните ефекти, работеа на Aviator, Terminator: Salvations, Тransformers: Dark of the Moon, I’am Number Four…

„Идејата уште во самиот почеток ни беше да успееме еден ден да работиме на некој холивудски филм.“, вели Кристијан во интервјуто за IТ.com.mk.

Што работи Fx3x и од каде идејата да се стартува ваква компанија?

Fx3x е македонска компанија за продукција на визуелни ефекти и анимација за играни филмови и рекламни спотови, основана во 1997 година од мене и мојот партнер и Миливоје Ѓорѓевиќ – Мишко. Нашата работа опфаќа креирање на визуелни ефекти на веќе снимен материјал, што на гледачот многукратно му го зголемува доживувањето, а со тоа и уживањето. Оттаму и континуираниот стремеж во Холивуд постојано да се оди понапред со употреба да технологијата во филмската продукција, се со цел да се заинтригира филмската публика, а со тоа и да се привлечат што поголем број на гледачи во кино салите.

На истиот начин и мене ме привлекувале, а и ден денес ме привлекуваат филмови кои се богати со визуелни ефекти. Прв таков филм кој ме фасцинираше беше The Last Starfighter и тоа беше она што ме мотивираше да почнам да се интересирам за тоа како се прават дигитални визуелни ефекти за филм. Кога во 1991 година се појави филмот Terminator 2: Judgment Day веќе решив ова и да ми биде професија и да работам на филмови како Terminator. Така и при креирањето на нашата компанија за анимација и визуелни ефекти, идејата уште во самиот почеток ни беше да успееме еден ден да работиме на некој холивудски филм.

Како почнавте, кои ви беа првите проекти и како стапивте во контакт со филмски студија кои прават блокбастер филмови?

Почнавме со Авијатичарот, тоа што беше прв Холивудски филм на кој работевме и беше голема продукција. Но вистински ни се отворија вратите кога за работа на мини серијата Патот до 11 Септември добивме номинација за EMMY, и тоа беше во 2007 година. Тогаш веќе не бевме анонимни, туку бевме компанија која прави квалитетна работа и веќе можевме да им се понудиме и на поголемите студија. Оттогаш почнаа и понтересните проекти, се случи работата на The Golden Compass кој доби Оскар за визуелни ефекти… Веќе станавме компанија која работела на филм кој добил Оскар за визуелни ефекти.

Она што не доведе до оваа позиција сега беше почетокот на соработката со компанијата Industrial Light and Magic и работата на Тerminator 4 во 2009, следеа The Last Airbender и I am number 4 во 2010 и последниот беше Transformers 3: Dark of the Moon во 2011 година.

Како наоѓате клиенти?

Присутни сме во Холивуд, доаѓаме во комуникација со луѓе кои можат да ни бидат потенцијални клиенти, многу често нашите постоечки клиенти не препорачуваат и така се започнува.

Сместени сте на огромен простор, прочитав дека сте во хангар на АРМ. Дали можеби снимате некои сцени кај вас, по потреба, или пак само го изработувате дигиталната манипулација на снимениот материјал?

Сега засега за холивудските филмови работиме само на уфрлување на ефектите или нивна доработка, според потребите на клиентот. Но, кај нас веќе се снимаа сцени за повеќе македонски филмови како на пр. Трето Полувреме, Ова не е Американски филм и други…

Зошто е потребна безбедноста како што има во Fx3x? Имате интернет пристап секако, но и имате работна мрежа без пристап на Интернет.

Безбедноста е клучна во нашата работа заради заштита на авторските права на клиентот. Моделот на безбедност кој ние го користиме е по стандардите на холивудските студиа, и е редовно тестирана. Ова придонесе многу за да го потврдиме нашиот кредибилитет, кој со секој нов проект подлежи на тест. Работата во Холивуд е постојано и непрекинато докажување на сите полиња и во сите аспекти.

Од 75+-те вработени колку се графички, 3Д дизајнери? Дали сте поделени во тимови, пример еден тим ги прави текстурите, други 3д моделирањето?

Во моментов кај нас работат преку 100 луѓе, од кои 5 се административен персонал, а сите останати се артисти од различен профил, од 3Д аниматори, карактер аниматори, артисти за визуелни ефекти, монтажери, аудио монтажери, продуценти и слично.

Кој софтвер користите?

Користиме повеќе софтверски пакети, за композитинг највеќе го користиме Nuke (The Foundry) , Fusion (eyeon software), а за анимација Maya (autodesk)

Како се вклопуваат вашите делови во филмот? Кој е процесот на комуникација меѓу вас и филмските студија, или таа комуникација оди преку друго визуелно студио?

Комуникацијата со нашите клиенти, биле тие друга компанија за ефекти или продукциска куќа се одвива преку интернет видео конференциски повици, нa кои најчесто го споделуваме екранот и заеднички дискутираме за детали во секој поединечен кадар.

Работите на неверојатни филмови. Кој е најинтересниот проект на кој сте работеле? И кој е најтешкиот проект на кој сте работеле?

Со оглед на брзиот напредок во нашата индустрија, најчесто најтежок проект е последниот на кој што сме работеле, а воедно и најинтересен. Така што во овој момент и од оние проекти за кои можам да зборувам тоа секако ќе биде Transformers 3: Dark of the moon.

Што е планот на Fx3X за во иднина?

Планот е да го продолжиме досегашниот развој, да работиме на повеќе и поголеми филмови, да го зголемуваме нашиот тим и да бидеме компанија препознатлива по квалитетот на својата работа на холивудски филмови.

(подолу е неодамнешниот прилог на CNN за Fx3x)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
pempes
22 days ago

bravo

Tom Georgiev
Tom Georgiev
6 years ago

Tom Georgiev – Zdravo na site bi sakal da znam kako se iminjata na animatorite I glavni lugje na firmata fx3x fala

Vladimir
Vladimir
10 years ago

Bravo

@totetoBT
10 years ago

Браво за ова, имав и порано слушнато за момците но ништо не знаев многу за нив. Мислам дека ќе е добро да отворат некој youtube канал или на вебстраната да постират мали делчиња од филмојте на кои работеле.

А и мислам дека ќе е многу добро, дел тие дел владата да инвестира во македонски добар филм, а не да снимат серии со една камера во едно станче и то да го гледам.

Suat
Suat
10 years ago

Bravo Kristijan.

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Implementation Developer

Personal Ltd Dooel

Team Lead

види ги сите огласи на kariera.it.mk