Свен по завршување на Среднатa стручна школа, смер компјутерски техничар, ќе се фокусира на факултетот, но во меѓувреме спрема и 2 нови проекти кои сè уште не ги открива. Го интересира тенис, оригами, но најчесто е пред екранот средувајќи детали за неговите аплиакции. „Затоа Trambus има толку нови верзии :)”, вели Свен објаснувајќи дека неговата прва апликација на почетокот била само возен ред. Ја креирал бидејќи така учел, а благодарение на корисниците кои барале повеќе и повеќе од апликацијата успева да ја направи тоа што е сега – одлична Android апликација која не само што го има возниот ред, има и 100 линии, 1.600 уникатни станици, и информации за време и колку станици се проаѓаат до крајната дестинација.
Од каде идејата за Tambus?
Trambus првин требаше да биде само преглед на возниот ред, меѓутоа корисниците бараа повеќе, сакаа некои нови можности и така малку по малку апликацијата се изгради така да она на почетокот не беше замислена како што е денес. Би кажал дека корисниците ја градат апликацијата заедно со мене. Покрај тоа, Trambus како прв програмерски проект е всушност „алатка“ за учење нови работи – па што ќе се научи, се имплементира во Trambus да видам како ќе функционира во пракса.
Дали ќе има iPhone апликација?
Се очекува iOS верзија веќе некое време, кога ќе најдам време ќе има и iPhone, сигурно. Мислам дека веб + Android + iPhone е добитна комбинација. Подоцна евентуално + Windows Phone 7, но тоа понатаму.
Кои софтверски алатки користиш за креирање апликации?
Eclipse како генерална алатка (PHP/Java).
Што мислиш за конкуренцијата на Startup 2.0?
Имаат добри идеи и желба за работа и реализација што е најважно, доста луѓе имаат одлични идеи, ама кога треба нешто да се направи – тие тука ќе заглават. Треба само да се трудат и кога-тогаш ќе им се сето тоа врати како што еве мене ми се полека враќа, бидејќи на Trambus работам веќе година дена.
Српскиот Taksiko и Trambus, го освоија првото, односно второто место на Startup 2.0. Што мислиш за регионалната стартап сцена? Дали има талент да се биде конкурентен со поголемите ИТ компании и да се излезе и надвор од регионов?
Само што ја запознавам екс-ју сцената. Што се однесува на Хрватска тука има една цврста заедница каде се сите знаат и тоа одлично функционира. Кому и да треба помош, промоција или нешто, секогаш е некој спремен да „влета“ и да помогне – се туркаат нови идеи, нови програмери.
Секако постои можност да се биде конкурентен, секако не преку ноќ (како и со било што), ама ако секој работи (а се работи), и се смислуваат нови идеи, мислам дека ќе биде тоа добро плодно тло за некои понатамошни проекти кои би можеле да бидат конкуренти и на големите ИТ компании. Млади и флексибилни луѓе со постари искусни програмери е добра комбинација.
Имаш ли други апликации?
Имам некои на кои работам како фриленсер. Инаку, што се однесува на проекти, два се во план за преку лето па ќе видиме… детали кога ќе стартуваат.
Соработуваш со Infinum. Кои се Infinum и што работиш за нив?
Infinum е една од најголемите хрваатски компании кои работат со мобилни апликации. Кај нив работам на некои апликации, од слаби кон потешки, стекнувам искуство со работа во тим и учам од знаењето на дечките од Infinum. Воглавно, тие се млади луѓе спремни за работа и развој каде се одлично вклопувам и се надевам на подолга соработка.