Unique магазин стана првата .мк Facebook страна на бренд со над 200.000 фанови

Разговаравме со Александар Попов од Global Media, издавачите на Unique, за дали Facebook ја зголемува публиката и каква е интеракцијата со публиката на друштвените мрежи.

Колку е важна Facebook публиката за магазинот? Дали повеќе Facebook фанови значи и повеќе продадени магазини?

Точно така. Во нашиот случај, повеќе фанови значи и повеќе продадени списанија, но тоа по правило не мора да значи дека ќе биде така. Големата бројка од 200.000 (од кои над 90% женски) фанови значи голема бројка на луѓе кои ние сме во можност да ги искомуницираме преку оваа социјална мрежа, а од начинот на кој ги комуницираме и квалитетот на самиот производ зависи дали на тие потенцијални читателки ќе им продадеме и списанија. Во нашиот случај тоа се покажа потврдно. Откако ја формиравме страната, тиражот на списанието се зголеми за повеќе од 3 пати, по што Unique стана веројатно најпродаваното списание кај нас и своевиден феномен од тој аспект, а во голема мера како резултат на организираната Facebook промоција чиј еден дел е самата Facebook страна.

Каква интеракција межу публиката и вас има на Facebook страната? Женската публика е интезивен корисник на друштвените мрежи. Во тој контекст, како се одвиваат лајковите, коментарите, споделувањата?

о однос на обемот на интеракцијата, Unique страната е една од најактивните не само кај нас. Според едно неодамнешно истражување страната на Ауди е една од најактивните со 228 интеракции по пост на секои 100.000 фанови. Доколку се земе предвид дека дел од постовите на нашата страна имале и над 1.200 интеракции, излегува дека на 100.000 фанови, нашата страна има по околу 600 интеракции (like-ови и коментари), што е двојно повеќе од оние на Ауди. Тој податок не прави исклучително среќни.

Во однос на квалитетот на интеракцијата, најчесто коментарите вклучуваат совети за одредени модни предлози кои ги даваме, коментари за стајлинг на некои од познатите пејачки или актерки, што е во линија на содржината која ја нуди и самото списание и е квалитетно надополнување бидејќи преку коментарите, нашите женски фанови ја следат модата, споделуваат мислења, при што страната станува заеднички именител и место каде што фанови кои не се познаваат започнуваат дискусии и споделуваат совети.

Понекогаш имате квизови и наградни игри. Која е улогата на Facebook тука? Колку се важни наградните игри и дарувањата за Facebook публиката?

Се трудиме активностите да не се еднолични и да имаат персонален карактер, а дел од таа разноличност се и наградните игри кои ги организираме. Пред се преку ваквите наградни игри битно ни е да се забавуваме и да им претставиме креативни начини на интеракција на фановите; наградите се во втор план. На пример, за 14 февруари побаравме од нашите фанови да напишат креативни љубовни пораки на ѕидот на страната, по што за кусо време ѕидот се претвори во место со огромен излив на емоции, што е интересно да се види во таа форма. Во друга прилика им овозможивме да праќаат нивни фотографии, кои потоа ги вметнавме во насловната страница на февруарското издание на Unique, за на крај да им ги споделиме фотографиите на кои тие се најдоа на насловната на нашето списание.

Минатото лето имавме акција во која фановите качуваа нивни фотографии од интересни летни дестинации кои ги посетиле, по што оние фотографии кои имаа најмногу like-oви од фановите добија награди. Сме имале и натпревари кога најбрзите кои се тагираат на одредена фотографија добиваат награди. Како што можете да заклучите од споменатото, најбитно ни е да им овозможиме забава и форми на интеракција кои ги искористуваат погодностите кои ги нуди оваа социална мрежа. Во последниот период со нови форми и начини ја користиме технологијата на нашиот сајт notformen.mk, дел од интеракцијата ја насочуваме таму, за да овозможиме уште поинтересни форми на комуникација на нашите фанови.

Дали користите други друштвени мрежи, пред се Twitter и LinkedIn?

Засега активно сме вклучени само на Facebook поради огромната бројка на корисници на оваа друштвена мрежа кај нас. Наскоро планираме да започнеме активно и со Twitter и се надеваме дека ќе имаме можност и на таа мрежа да пренесеме дел од несекојдневниот квалитет кој го има нашето списание.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] споделувавме што се случува во експанзијата на социјалните медиуми, следевме како технологијата влијае на политичките […]

trackback

[…] Женската публика е сериознa друштвена публика. Ова го потврдува и Facebook странaта на Unique магазинотза женски интереси: гардероба, љубов, мажи, здравје, дизајн… Unique станува прва .мк Facebook страна на бренд/компанија која надмина над 200.000 фанови. Втора поголема бренд страна, со скоро два пати помала бројка, е таа на K-15 со над 135.00 фанови. Поголема од нив е само страната за Тоше Проевски со над 350.000 фанови, но тука не станува збор за бренд/компанија. Извор: http://www.it.com.mk/unique-magazin-stana-prvata-mk-facebook-strana-na-brend-so-nad-200-000-fanovi/#… […]