Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

#фалаНикола: Македонскиот Twitter му се заблагодари на премиерот

Штом премиерот Никола Груевски изговори „Кој ќе ми каже фала за изгубеното време?“ на митинг на ВМРО, знаевме дека е прашање на време кога твитерџиите, секогаш расположени за битки против политичарите, ќе го претворат тој говор во креативна иронија. Веќе два дена на Twitter се спамира со #фалаНикола хаштагот преку кој твитерџиите му се заблагодаруваат […]

0 коментари Прочитај 5 мај, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

Apple Watch не работи како што треба врз темни тетоважи

Apple потври дека луѓето со „постојани или провремени промени на кожата, како тетоважи“ нема да можат да го користат сензорот за отчукувањето на срце вo Apple Watch бидејќи „мастилото, шарата и бојата на некои тетоважи може да го блокира светлото од сензорот, што може да направи проблеми при собирање на податоците“. Проблемот со сензорот првин […]

0 коментари Прочитај 4 мај, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

„Колку чини лебот?“ е најчесто пребаруван продукт на Google во Македонија, според не-толку-точна-мапа

Се чини дека луѓето сакаат да ги знаат цените на лебот во Македонија, барем тоа најчесто го проверуваат на Google, се вели во една чудна мапа на најпребаруваните продукти на Google, креирана од сајтот за проверка на цени Fixr.com. Мапата открива за кој продукт најмногу се заинтересирани корисниците во различни земји, иако треба да се […]

0 коментари Прочитај 4 мај, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Еднаш проценета на 100 мил. долари, анонимната апликација Secret сега се гаси

Secret не успеа да им понуди ништо поинтересно на корисниците, ниту ги исполни очекувањата на инвеститорите кои ја вреднуваа апликацијата за анонимен чет на над 100 милиони долари. Апликацијата, иако стана популарна за брзо време од објавувањето во 2013-та година, главно поради тоа што нудеше приватна и анонимна комуникација, додека другите друштвени мрежи го бараат […]

0 коментари Прочитај 4 мај, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Корисниците и инфраструктурата ја движат Македонија напред кон информатичко општество

Mакедонија е во друштво на Русија, Ел Салвадор, Казакстан и Арменија на листата на десетте најподобрени земји од 2012-та година, според извештајот за Глобалната информациска технологија за 2015-та година (.pdf) на Светскиот економски форум. Само Словенија на 37-мо место од балканските земји има подобар рејтинг, додека Хрватска и Црна Гора се на 54-то, односно 56-то […]

0 коментари Прочитај 4 мај, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Microsoft Edge е новиот прелистувач кој го уби Internet Explorer

Откако претстави кул кул новини на Build конференцијата, како можност за користење на Android и iOS апликации во Windows 10, покажа фантастично демо од HoloLens, Microsoft се реши и да го претстави наследникот на Internet Explorer. Името му е Edge, Microsoft Edge и е прелистувач кој ќе се појави во Windows 10. Иако Edge има […]

0 коментари Прочитај 30 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Апликација на денот: Јelly Reef е последната фантастична игра на Game Oven

Јelly Reef e уште една креативна игра од холандско-македонското студио Game Oven, основано од Адриан де Јог и Бојан Ендеровски. Студиото до сега има објавено неколку фантастични игри со уникатен гејмплеј, како Bam Fu за која ви треба брзи прсти или Fingle која е игра што може да се игра само со пријателите. Ни Jelly […]

0 коментари Прочитај 30 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

GG.mk S01E29: Сашко Коцев разбива во Solitaire

Сашко Коцев тврди дека разбива во Solitaire, иако ретко игра видеоигри. Штета. Актерот гостуваше во новата епизода на емисијата за игри GG.mk, во која откри дека е фан на Call of Duty, бидејќи му се допаднала „двојката“. Во новата епизода се разгледаа Black Ops 3, Mad Max, Total War: Warhammer… oткажан е и WoW филмот, […]

0 коментари Прочитај 28 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Блог ИТ.МК

#ИТН еп. 22: Стартапи можат да се стартуваат само со идеја

Верувам дека целата стартап сцена е возбудена што ќе се одржи четвртиот Startup Weekend Skopje на 8 и 10-ти мај. Овој настан е вистинско место за да видиме колку всушност македонската стартап сцена е иновативна и креативна. Тоа што ќе биде поважно на настанот е да се чујат идеите и размислувањата на претприемачите, велат организаторите […]

0 коментари Прочитај 28 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мора да прочиташ

#бомба: Заев ги обвини МВР и УБК за нелегално прислушување

Во нова 27-ма #бомба се откриваат нови детали за прислушувањето на граѓаните. Според наводните докази кои ги покажа претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, зад нелегалното прислушување стои Министерството за внатрешни работи (МВР), односно Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Г. Заев вели дека има материјали кои наводно откриваат дека македонските власти следеле 12.000 телефонски […]

9 коментари Прочитај 28 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Совети

sTRASHo е екстензија за WordPress, креирана од македонски девелопер

WordPress како платформа за менаџирање содржина добар дел од својата популарност им ја должи на одличната заедница од програмери кои креираат додатоци, т.е. екстензии. Овие додатоци се најразлични и често програмерите ги креираат првин за да си помогнат себеси. Тоа беше и причината што Борис Кузманов си направи своја екстензијата sTRASHo, со која може побрзо […]

1 коментар Прочитај 27 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

Може ли Google да стане мобилен оператор? Првиот обид е со Project Fi

Project Fi ја откри амбицијата на Google да биде оператор преку кој ќе тече и мобилната комуникација. Google веќе го нуди Fiber, кој е супербрз широкопојасен интернет што се доставува во некои градови во САД, и сега компанијата ќе се обиде да го реплицира тоа и со мобилна мрежа. Засега таа комуникација ќе оди преку […]

0 коментари Прочитај 23 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Норвешка е првата земја што го гаси FM радиото

Од 2017-та година Норвежаните ќе слушаат само дигитално радио. Норвешкото министерство за култура најави дека земјата ги има исполнето сите потребни услови за да го изгаси комплетно FM радиото, и да се префрли на Digital Audio Broadcasting (DAB) кој ќе стане национален стандард. Со DAB Норвежаните ќе добијат почист звук и избор од повеќе плуралистички […]

0 коментари Прочитај 20 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мора да прочиташ

Само слободата ни фалеше на најдобриот Engage до сега

„Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина безрбетници. И тука – нема компромис!“ – Никола Младенов Да сакате да бидете слободни или да ја знаете вистината? За жал во Македонија ги немате ни двете. Затоа четвртата конференција за интернет активизам Engage.mk на Радио МОФ, се случи во право време, помеѓу сите бомби, протести, […]

0 коментари Прочитај 20 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мора да прочиташ

Нета е девојка која знае кул програмерски шеги

За Нета.мк знаеме само дека е стрип кој го цртаат „повеќе луѓе и еден гуру стрип цртаж“. Можеби е само нивен забавен проект, можеби е и некоја ПР или маркетинг кампања. Сеедно. Ќе дознаеме „наскоро“, ни објасни Нета. Но, тоа што е интересно е што овој нов македонски стрип е фантастичен. Нацртан е одлично, и […]

13 коментари Прочитај 20 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

ИТ настан: Го сакаш ГТЦ? Истражи и фотографирај го култниот трговски центар

Во тек е кампања и фото конкурс „Го сакам ГТЦ“ на кој се повикани сите ентузијасти за фотографија, фанови на ГТЦ и активисти кои се против предвидениот барокен изглед. Идејата еда се направат фотографии од ГТЦ, од неговите популарни места, но и да се истражат неговите скриени катчиња за да се претстави пред сите дека […]

1 коментар Прочитај 17 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Македонците најмногу користат мобилни по Црногорците, според статистиката на ClickAttack

Во Македонија Аndroid е најпопуларната платформа, а iPhone е најпопуларниот телефон, се вели во анализата направена од мрежата за мобилно рекламирање во Јужноисточна Европа, ClickAttack. Извештајот е направен со податоци од нивната мрежа. Тоа што е интересно е што само Црногорците повеќе користат мобилни од Македонците, и го користат подолго од другите балкански земји кои […]

0 коментари Прочитај 16 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

GG.mk S01E27: Нон стоп е паника! Нон стоп се вришти!

Eмисијата за игри GG.mk рецензираше неколку игри, меѓу кои и Killing Floor 2 која според Бобан е игра во која „нон стоп е паника!“. Aкцијата не прекинува, и ако го погледнете и трејлерот ќе сфатите и зошто се вришти постојано, можеби бидејќи суштествата кои ги пукате се хорор зомбија од пеколот! кои изгледаат навистина страшно. […]

0 коментари Прочитај 15 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Совети

Апликација на денот: Hearthstone сега е достапна и на телефони

Hearthstone, дигиталната игра со карти на Blizzard, сега е достапна и за мобилните телефони, поточно за iPhone и Android телефоните. Популарната игра е достапна веќе за декстоп, таблет компјутери и се комплетира со мобилните уреди, што е одличен чекор на Blizzard да го приближи хероите од Warcraft до што е можно повеќе играчи. Тоа што […]

0 коментари Прочитај 15 април, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Свет

LinkedIn за 1,5 милијарди долари ги купи едукативните курсеви на Lynda.com

Бизнис компанијата LinkedIn си купу едукативна компанија за неверојатни 1,5 милијарди долари. Основана во 1995-та година од Линда Вајнмен, Lynda.com е едукативна платформа која користи онлајн ресурси за да предава туторијали на најразлична тема, пример за бизнис, фотографија, 3Д и анимација, веб технологии како CSS и HTML и други курсеви што треба да ги усовршат […]

0 коментари Прочитај 9 април, 2015
Мени
Заедница
Изглед
To top