sTRASHo е екстензија за WordPress, креирана од македонски девелопер

1 коментар 1 мин. читање

WordPress како платформа за менаџирање содржина добар дел од својата популарност им ја должи на одличната заедница од програмери кои креираат додатоци, т.е. екстензии. Овие додатоци се најразлични и често програмерите ги креираат првин за да си помогнат себеси. Тоа беше и причината што Борис Кузманов си направи своја екстензијата sTRASHo, со која може побрзо да ги брише менијата во WordPress.

Борис вели дека тргна од своите лични потреби да работи побрзи. Во WordPress бришењето на менија може да одзема многу време бидејќи „прво треба да кликнеш на менито, па да се отворат опциите за бришење и да кликнеш на ‘Избриши’… Но, со drag & drop плагинот можеш за секунда да избришеш се.


Disclaimer: Борис е поранешен автор на It.com.mk, но и посветен WordPress-џија. Овој текст не е реклама.
Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top