0 коментари 2 мин. читање 9 април, 2015

LinkedIn за 1,5 милијарди долари ги купи едукативните курсеви на Lynda.com

Бизнис компанијата LinkedIn си купу едукативна компанија за неверојатни 1,5 милијарди долари. Основана во 1995-та година од Линда Вајнмен, Lynda.com е едукативна платформа која користи онлајн ресурси за да предава туторијали на најразлична тема, пример за бизнис, фотографија, 3Д и анимација, веб технологии како CSS и HTML и други курсеви што треба да ги усовршат вештините на сите заинтересирани.

Аквизацијата ќе биде остварена со 52 отсто во кеш, и 48 отсто во вредносни акции, и според директорот на LinkedIn, Џеф Вајнер, ќе помогне LinkedIn да стане покорисна мрежа за професионалци кои ќе сакаат да се усовршат. Идејата е да им се понуди на корисниците пристап до курсеви со кои ќе може полесно да најдат работа, или да научат нешто ново што ќе им помогне во кариерата.

Но, иако планот се врти околу онлајн курсевите, кои стануваат се попопуларни и попристапни за сите, сепак ниту LinkedIn, ниту Lynda не се изјасниа како точно ќе се интегрираат.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top