0 коментари 2 мин. читање 20 април, 2015

Норвешка е првата земја што го гаси FM радиото

Од 2017-та година Норвежаните ќе слушаат само дигитално радио. Норвешкото министерство за култура најави дека земјата ги има исполнето сите потребни услови за да го изгаси комплетно FM радиото, и да се префрли на Digital Audio Broadcasting (DAB) кој ќе стане национален стандард.

Со DAB Норвежаните ќе добијат почист звук и избор од повеќе плуралистички радио станици, вели министерот за култура Тјорџилд Видвеј. Ако со FM имаше место за пет национални станици, со дигиталното радио веќе има 22 национални радио станици, и има простор да се вклучат уште 20-тина. Според министерството, префрлување на DAB ќе им заштеди до 25 милиони долари годишно бидејќи трошковите за емитување ќе бидат помали.

Најголем предизвик сепак ќе биде да се подготват луѓето за префрлување на новиот стандард. Иако во Норвешка повеќе од половина од популацијата има пристап до локални радија на DAB, сепак ќе биде потребно да се префрлат и другите локални станици и да се задрши слушаноста.

По Норвешка, се очекува и други европски и азиски земји да се префрлат на DAB, но ниту една земја нема најавено кога ќе се случи префрлувањето.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top