#фалаНикола: Македонскиот Twitter му се заблагодари на премиерот

0 коментари 1 мин. читање

Штом премиерот Никола Груевски изговори „Кој ќе ми каже фала за изгубеното време?“ на митинг на ВМРО, знаевме дека е прашање на време кога твитерџиите, секогаш расположени за битки против политичарите, ќе го претворат тој говор во креативна иронија.

Веќе два дена на Twitter се спамира со #фалаНикола хаштагот преку кој твитерџиите му се заблагодаруваат на премиерот. Хаштагот стана вирален веднаш, и според Follow the hashtag, има над 1.500 твита со #фалаНикола во два дена, кои имаат потенцијална публика од над 680.000 корисници, иако оваа бројка е малку преценета.


Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top