За Нета.мк знаеме само дека е стрип кој го цртаат „повеќе луѓе и еден гуру стрип цртаж“. Можеби е само нивен забавен проект, можеби е и некоја ПР или маркетинг кампања. Сеедно. Ќе дознаеме „наскоро“, ни објасни Нета. Но, тоа што е интересно е што овој нов македонски стрип е фантастичен. Нацртан е одлично, и програмерските шеги се навистина кул. Тоа што ни се допаѓа е што Нета, очигледно, е женски лик, а на македонската програмерска сцена и требаат девојки, бидејќи требаат свежи и нови идеи. Можеби Нета ќе ги мотивира девојките да се заинтересираат за професија доминирана од машки гикови? За повеќе стрипови, посетете го сајтот.
Заедница
Изглед



Коментари
13 коментари
Коментарите се затворени.