0 коментари 2 мин. читање 4 мај, 2015

Еднаш проценета на 100 мил. долари, анонимната апликација Secret сега се гаси

Secret не успеа да им понуди ништо поинтересно на корисниците, ниту ги исполни очекувањата на инвеститорите кои ја вреднуваа апликацијата за анонимен чет на над 100 милиони долари. Апликацијата, иако стана популарна за брзо време од објавувањето во 2013-та година, главно поради тоа што нудеше приватна и анонимна комуникација, додека другите друштвени мрежи го бараат вистинското име, сепак при крајот наиде на куп проблеми, и тоа поврзани со слободата да се навредува преку скриени идентитети.

Oсновачoт и поранешен вработен во Google, Дејвид Баjтоу, во блог пост објасни дека Secret се претворила во нешто поразлично од визијата која тој ја имал за апликацијата, но и дека е подобро да пропаднеш побрзо, отколку да се мачиш со неуспешна компанија. Интересно, одлуката е дека околу 35 милиони долари ќе им бидат вратени на инвеститорите меѓу кои и актерот Ештон Кучер и основачот на Reddit, Алексис Оханиан.

Secret имаше 25 вработени и 15 милиони корисници кои споделуваа анонимни пораки, меѓу нив вработени кои споделуваа тајни за компаниите, политичките дисиденти од Русија, азиските и арапски земји, поборниците на приватноста и слободата на говор, но и од добар дел тинејџери кои наидуваа на куп малтретирања од другите анонимни корисници. Апликацијата доби критики и од некои влијателни инвеститори како Марк Шустер кој отворено ја искритикува Secret како место на кое „25 отсто се постови од шовинисти, 25 отсто се хомовобични или отворени за својата сексуалност, и многу други кои кажуваат многу лоши работи за дебелите луѓе“. Иако Secret воведе неколку мерки како да се справи со несоодветните постови, евентуално крајот дојде од незадоволството на корисниците кои ја напуштија апликацијата, и преминаа кај конкурентите WhatsApp, Snapchat и други.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top