1 коментар 1 мин. читање

ИТ настан: Го сакаш ГТЦ? Истражи и фотографирај го култниот трговски центар

Во тек е кампања и фото конкурс „Го сакам ГТЦ“ на кој се повикани сите ентузијасти за фотографија, фанови на ГТЦ и активисти кои се против предвидениот барокен изглед. Идејата еда се направат фотографии од ГТЦ, од неговите популарни места, но и да се истражат неговите скриени катчиња за да се претстави пред сите дека Градскиот трговски центар е култно место, препознатливо не само на Скопјаните, туку на сите Македонци.

Фотографиите треба да се пратат преку друштвените мрежи, преку Facebook апликација, на gosakamgtc.mk, на Twitter и на Instagram да се тагираат со #ГОсакамГТЦ. Дополнително е закажан #InstaMeetGTC за сабота во 14:00 часот. Тоа е собир за сите инстаграмџии заедно да го прошетаат и сликаат ГТЦ.

Големата изложба на сите фотографии е закажана од 22-ри до 25-ти април во Жена парк.

ГТЦ 02 #skopje #скопје #гтц #госакамгтц #architecture #modern #urban #city #vsco #vscocam

A photo posted by Scope Yeah (@scopeyeah) on

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top