0 коментари 2 мин. читање 15 април, 2015

Апликација на денот: Hearthstone сега е достапна и на телефони

Hearthstone, дигиталната игра со карти на Blizzard, сега е достапна и за мобилните телефони, поточно за iPhone и Android телефоните. Популарната игра е достапна веќе за декстоп, таблет компјутери и се комплетира со мобилните уреди, што е одличен чекор на Blizzard да го приближи хероите од Warcraft до што е можно повеќе играчи.

Тоа што е забавно е што интерфејсот на играта е редизајниран одлично за помалите екрани, нешто што беше тешко да се замисли бидејќи играта бара прегледност. Но, Blizzard како и сите свои игри до сега, успева да ја изработи одлично и за телефоните. Најголемата промена е новиот зум на картите за да се прочитаат деталите на картите, кои наместо цели, на помалиот екран на телефони се појавуваат само до половина. Има и опција да ги предизвикате играчите што се во близина на са, што може да биде навистина интересна битка.

Како бонус за играчите да ја симнат играта, Blizzard ќе подели и бесплатен шпил на Classic карти. Бидејќи играчите се логира преку Battle.net платформата, сите карти и прогрес во играта ќе биде достапен на сите уреди.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top