Јelly Reef e уште една креативна игра од холандско-македонското студио Game Oven, основано од Адриан де Јог и Бојан Ендеровски. Студиото до сега има објавено неколку фантастични игри со уникатен гејмплеј, како Bam Fu за која ви треба брзи прсти или Fingle која е игра што може да се игра само со пријателите. Ни Jelly Reef не отстапува од квалитетот на претходните апликации, иако можеби самиот Game Oven си ги постави очекувањата превисоко, пред се со апликацијата Bouden со која играте танц кореографиран од Холандскиот национален балет.
Во Јelly Reef вие сте океанот, односно ги креирате брановите и движењата на водата што ги води малите слатки медузи, нацртани од Румена Најчевска, кон конечната цел. Играта е прилична едноставна, и гејмплејот е прилично забавен бидејќи како што пловите така наидувате на пречки кои ги забавуваат медузите или до ракови што сакаат да ги штипнат. За разлика од другите игри на студиото, оваа можеби најмногу ќе им се допадне на помладите играчи и на casual гејмерите. Иако Jelly Reef е помалку уникатна од другите игри на Game Oven, сепак е уникатна секој пат кога ќе ја стартувате. Играта секојпат генерира нов океан, и со секое вклучување на апликацијата имате ново искуство. Други интересен детал е што медузите имаат големи очи па може лесно да им ја видите реакцијата кога се среќни или исплашени. Играта инаку е достапна за iOS, Аndroid и Windows Phone
За жал, иако Game Oven се покажа како одлични креатори на игри, сепак студиото најави дека се затвара. Jelly Reef е нивната последна игра. Засега не откриваат планови за иднина, но игрите ќе останат достапни на мобилните продавници.